Василево
Советот на општина Василево ги донесе Програмите за 2024 година
Published
2 недели agoна
By
Media Press
Советот на општина Василево, вчера ја одржа редовната 32 Седница, на чиј дневен ред беа вкупно 39 предлози од кои 7 како дополнителни кои беа предложени и прифатени на самата Седница.
Најголемиот број од предлозите, всушност беа Програмите за работа на општина Василево за наредната 2024 година, чија реализација ќе биде вклучена во Буџетот за наредната година.
Програмите беа усвоени главно без дискусија и без забелешки, со 8 гласови „за“.
Составен дел на обемниот дневен ред беа и Кварталните извештаи за работата на општина Василево за третото тромесечие од годината, односно Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 (К1), Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево (К2) и Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево (К3), сите за периодот од 01.01.2023 до 30.09.2023 година.
Според податоците од работниот материјал доставен до советниците реализацијата кај консолидираниот Буџет во кој се вклучени и Буџетите на единките корисници односно двете основни општински училишта и детската градинка, е 62,24% или од планираните 194 398 000 денари, реализирани се 62,24%, додека кај основниот Буџет реализацијата е 56,7% или од планирани 88 800 000 денари реализирани се 50 374 058 денари.
Кај блок дотациите реализацијата е 72,8% односно од планирани 94 268 999 ден. реализрани се 68 616 997 ден. кај самофинансирачките активности од планирани 11 330 000 ден. реализрани се 2 001 159 денари или изразено во проценти,реазлизирани се 17,7%.
Што се однесува до доспеаните а неизмирени обврски, односно К2 Извештајот, согласно доставената спецификација во работните материјали, долгот на општината на крајот од пресметковниот период изнесува 92 278 754 денари. Во делот на задолжувањето на општината и јавните претпријатија основани од општината, состојба прикажана во К3 Извештајот, општината во пресметковниот период има обврски во износ од 3 309 345 денари и 49 573 денари по основ на камати и истите се однесуваат за кредитите за изградба на водоводот во с. Чанаклија, улиците во Пиперево и Нова Маала, како и за набавката на возилото за смет.
Со истото мнозинство од 8 гласови „за“ беше усвоена и Измената и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2023 година, односно ребаланс предизвикан поради намалувањето на ДДВ-то за 2023 година за 1 800 000 како и зголемувањето на износот наменет за К-15 и плати во Буџетите на единките корисници (двете основни општински училишта и детската градинка) за 5.385.707 денари.
Со истото мнозинство усвоен беше и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“ за третотот тромесечие за 2023 година од 01.01.2023 до 30.09.2023 година и Годишниот извештај за работата на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2022/2023 година.
На Седницата беше формирана и Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2024 година, како и Комисијата за унапредување на правата на пациентите во состав: Ивана Коцева, Сња Христова, Боби Величковски Антоника Иванов, Андријана Иванов, Ристо Велков, Драгица Глигорова, Александар Митрев и Билент Исинов. Советниците ги усвоија и Измените и дополнувањето на Годишниот план за вработување на општина Василево за 2023 година, како и трите предлози доставени од ОУ на ЈОУДГ „Прва радост“, од Василево, односно Извештајот од спроведената функционална анализа, Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилникот за систематизација на работните места, во оваа детска градинка.
Составен дел на денешниот дневен ред беа и неколку Барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица. Со исклучок на Барањето поднесено од здружението Али Бег од Градашорци, за сите останати од страна на Советниците се донесени позитивни одлуки со одреден износ на финансиска поддршка.
Поврзани содржини
Василево
Градоначалникот Андонов во Сушево по повод новиот објект на Месната заедница
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
„Денес, на денот кога се празнува Свети Јован Златоуст, присуствував на осветување на новиот објект на месната заедница во населеното место Сушево“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој на покана од жителите од с. Сушево беше дел од црковниот обред на осветување на објектот.
„Денес е посебен ден за Сушево бидејќи добиваат објект кој долго време го очекуваа. Овој објект ќе биде користен и од страна на месната заедница но и од нашата гордост КУД ,,Сушевски Бисери”, додадава градоначалникот Андонов кој упати честитки за жителите и за нивната организираност и посветеност во развојот на нивното населено место. „Благословено нека е“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Василево
Подготовка за асфалтирање на улица во Добрашинци, Општина Василево
Published
1 недела agoна
ноември 24, 2023By
Media Press
Општина Василево спроведува градежни активности на подготовка на една од улиците за асфалтирање во населеното место Добрашинци. Конкретно се работи на тампонирање на улицата по што ќе следува и нејзино асфалтирање.
На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов заедно со дел од своите соработнмици, при што се информираше за текот и динамиката со која ќе се реализира наредната финална фаза.
Должината на оваа улица изнесува 130 метри, а ширината е околу 3 метри, односно онолку колу што дозволуваат фактичките услови на терен. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 397 025 денари, обезбедени од сопствените извори на приходи.
Улицата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

Василево
Заменик министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево
Published
1 недела agoна
ноември 23, 2023By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денеска беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, кој беше во работна посета на општината.
На состанокот во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево. Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес.

На состанокот се разговараше и за состојба на новата детска градинка во с. Ангелци, која сеуште не е ставена во функција.
По состанокот во кабинетот на градоначалникот на кој присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Прва радост, Василево, Игор Илиев, заменик министерот беше во посета и на градинката „Прва радост“ во Василево, каде на лице место се запозна со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање на оваа установа во иднина.

На средбата присуствуваше и Билент Исинов, членот во Советот на општина Василево од Демократската партија на Турците на Македонија.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
