Connect with us

Радовиш

Положено свежо цвеќе по повод празникот 6-ти Ноември – 79 години од ослободувањето на Радовиш од фашистичкиот окупатор

Avatar

Published

на

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето во Паркот на младите во Радовиш одбележан 6-ти Ноември 79 години од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.

 Пред присутните делагаци за значењето на 6-ти ноември за Радовиш, зборуваше претседателот на Сојузот на борците Јован Јовановски,  по што цвеќе положија повеќе делегации.

Цвеќе положија делегација од Општина Радовиш со градоначалникот Ацо Ристов, потоа делегација од Советот на Општина Радовиш, пратеникот Здравко Трајанов, делегација од ОВР Полициската станица во Радовиш, делегација на претеникот Коле Чаракчиев,  делегација од ОК на ВМРО- ДПМНЕ, делегација од ОО на СДСМ,   делегација од ДПТ, делегација од  Сојузот на борците од општините Радовиш и Конче и делегација од ЗПОРК. Свежо цвеќе положи и поранешниот управител на рудникот Бучим Николајчо Николов, кој секогаш е присутен на одбележување на важни настани во Радовиш.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе