Радовиш
Вечерва ќе се одиграт финалните натпревари од шестоноемврискиот турнир во Радовиш
Published
4 недели agoна
By
Media Press
Вечерва ќе се одиграт финалните натпревари од шестоноемврискиот турнир кој деновиве се одржува во Спортската сала 25-ти Мај во Радовиш. Вечерва ке бидат прогласени и најдобрите од традиционален шестоноемвриски турнир во мал фудбал.
Спортската сала е претесна за љубителите на фудбалот кои секоја вечер ги следат натпреварите, од организаторот ЈППСО Радовиш 2014 упатуваат покана до сите љубители на спортот да дојдат и ги погледната возбудливите натпревари од Шестоноемврискиот турнир во мал фудбал.

Поврзани содржини
Започна традиционалниот Шестоноемвриски турнир во мал фудбал во Радовиш
Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево
До денеска истекува рокот за пријавување за учество во Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш
Пријавување за Меморијален Турнир во мал фудбал Ч’крче – 2023, Пиперево, Општина Василево
По втор пат во Радовиш се одржува Турнир во табла, уметничка слика за најдобриот
Ќе се одржи Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш, прво место 120.000!
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
