Радовиш
ТППЕ Радовиш доби донација на противпожарна опрема од страна на НАТО контингентот
Published
1 месец agoна
By
Media Press
ТППЕ Радовиш доби донација на противпожарна опрема од страна на НАТО контингентот преку Американската амбасада во Скопје. Опремата се состои од: противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже,клешти, пила и др.), противпожарни огноотпорни одела (скафандери), балаклави и носачи за белодробен апарат со маска.
ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици, кои беа опфатени со донација на техничка опрема од НАТО контингентот, со цел помагање на единиците во однос на опременоста за ефикасното извршување на интервенциите, информира Општина Радовиш.
Поврзани содржини
Нова опрема за против пожарните единици во регионот, преку проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Општина Радовиш започна со поправање, фарбање и подновување на урбаната опрема во градот
На регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Владевци запалена цистерна која превезувала дизел гориво
Предизвикан пожар на паркинг простор на улица „Индустриска“ во Радовиш, интервенирала ТППЕ
Утре, симулациска вежба во ООУ „Никола Карев“-Радовиш
Изгоре дел од кровната конструкција на куќа во Конче, при предизвикан пожар
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
