Радовиш
Одржани 50 јубилејни КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ во Радовиш!
Published
1 месец agoна
By
Media PressСо богата културно уметничка програма викендот во Радовиш беа одржани јубилејните 50 „Караманови поетски средби“. Во присуство на повеќе поети, професори и други гости, во центарот за култура „Ацо Караманов“, истите свечено ги отвори Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов кој е покровител на средбите.

Директорот на Струшките вечери на поезијата Тодорче Тасевски, кој беше гостин на Карамановите поетски средби, рече дека двата фестивала ги поврзува нешто заедничко, а тоа е што се посветени на поети кои рано починале и не се оствариле докрај, но имале среќа во нивна чест да се одржуваат фестивали на кои ќе се претставуваат и поети од светот.

Беседа за Ацо Караманов и фрагменти од неговата монодрама „Јас сакам да станам поет“ прочита Доне Донев – артист, публицист и поет.

На главната фестивалска вечер беа доделни и награди за наградните книги, како и Специјална награда на поетесата Љубинка Донева за нејзинот поетски ракопис „Монолог на пирејот“ како вторпласиран ракопис на конкурсот за македонски автори.

Исто така беа доделни и награди за најуспешните млади литерати, кои се јавија по Конкурсот распишан од Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш.
Во рамките на фестивалот беа промовирани сите наградени книги, а беше емитуван и документарниот филм за Ацо Караманов од серијалот „Поети и револуционери“.
Фестивалот беше збогатен и со Изложба на дела од збирката со скулптури и избрани дела од 60 Ликовна колонија од НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, а за музичкиоот дел се погрижи музичкиот состав „Дуо Либерта“ со популарното „Либер танго“ и со други класични композиции. Карамановите поетски средби се одржаа во организација на ЦК „Ацо Караманов“ а под покровителство на Општина Радовиш.

За жал забалажително беше малиот број на присуство од страна на граѓаните на Радовиш на оваа прекрасна поетска манифестација во чест на Ацо Краманов- поет и револуционерза почит.


Поврзани содржини
Богати културни и уметнички содржини по повод големиот јубилеј 50 години Караманови средби, кои започнуваат од утре
Продолжува програмата за одбележување на јубилејот „50-ТИ КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“ во Радовиш
Започна програмата по повод јубилејни „50-ти КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“
Дечињата од градинката Ацо Караманов положија свежо цвеќе по повод 6-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Радовиш
Концерт на солистите на Македонска опера и балет во Радовиш, по повод 6-ти ноември
Детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш со апел до родителите на дечињата
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
