Connect with us

Василево

Градоначалникот Андонов и Андријана Јаневска упатуваат покана за Манифестацијата Ден на празот

Avatar

Published

на

Манифестацијата Ден на празот општина Василево ќе ја одржи во недела на 5 ноември во населеното место Градашорци, во дворот нацрквата Св. Никола со почеток во 12,00 часот.

Градоначалникот Славе Андонов и Андријана Јаневска која ќе настапи на Манифестацијата Ден на празот упатуваат јавна покана до граѓаните.

„Задоволство е заедно со Андријана Јаневска да Ве поканиме на манифестацијата ,,Ден на Празот” на ден 05.11.2023 (недела) 12 часот во Градашорции, заедно да уживаме во изведба на наши македонски песни и секако во специјалитетите од праз подготвени од рацете на нашите вредни домаќинки. Се гледаме во недела, 05.11.2023 во 12 часот“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, притоа најавувајќи дека посетителите на годинешната манифестација Ден на празот ќе ги забавува Андријана Јаневска.

Инаку оваа манифестација традиционално се одржува секоја година во село Градашорци, а целта е да се промовира празот и ноговото значење во исхраната како здрава храна, но и како значајна земјоделска гранка од која егзистираат голем број семејства во Општина Василево.

Василево

Градоначалникот Андонов во Сушево по повод новиот објект на Месната заедница

Avatar

Published

на

„Денес, на денот кога се празнува Свети Јован Златоуст, присуствував на осветување на новиот објект на месната заедница во населеното место Сушево“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој на покана од жителите од с. Сушево беше дел од црковниот обред на осветување на објектот.

„Денес е посебен ден за Сушево бидејќи добиваат објект кој долго време го очекуваа. Овој објект ќе биде користен и од страна на месната заедница но и од нашата гордост КУД ,,Сушевски Бисери”, додадава градоначалникот Андонов кој упати честитки за жителите и за нивната организираност и посветеност во развојот на нивното населено место. „Благословено нека е“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Прочитај повеќе

Василево

Подготовка за асфалтирање на улица во Добрашинци, Општина Василево

Avatar

Published

на

Општина  Василево спроведува градежни активности на подготовка  на една од улиците за асфалтирање во населеното место Добрашинци. Конкретно се работи на тампонирање на улицата по што ќе следува  и нејзино асфалтирање.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов заедно со дел од своите соработнмици, при што се информираше за текот и динамиката со која ќе се реализира наредната финална фаза.

Должината на оваа улица изнесува 130 метри, а ширината е околу 3 метри, односно онолку колу што дозволуваат фактичките услови на терен. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 397 025 денари, обезбедени од сопствените извори на приходи.

Улицата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

Прочитај повеќе

Василево

Заменик министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денеска беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, кој беше во работна посета на општината.

На состанокот  во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево.  Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес.

На состанокот се разговараше и за  состојба на новата детска градинка во с. Ангелци, која сеуште не е ставена во функција.

По состанокот во кабинетот на градоначалникот на кој присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Прва радост, Василево, Игор Илиев, заменик министерот беше во посета и на градинката „Прва радост“ во Василево, каде на лице место се запозна со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање  на оваа установа во иднина.

На средбата присуствуваше и Билент Исинов, членот во Советот на општина Василево од Демократската партија на Турците на Македонија.

Прочитај повеќе