Connect with us

Радовиш

Богати културни и уметнички содржини по повод големиот јубилеј 50 години Караманови средби, кои започнуваат од утре

Avatar

Published

на

Советот на 50 Јубилејни Караманови средби ја објави програмата на средбите која изобилува со богати културни и уметнички содржини во знак на големиот јубилеј 50 години од Караманови средби, а во чест на младиот гениј Ацо Караманов – поет и борец за кого слободата била „петто календарско време“.

Јубилејните 50 Караманови средби утревечер со почеток во 18 часот, свечено ќе ги отвори покровителот на средбите Ацо Ристов – градоначалник на општина Радовиш, а беседа за Ацо Караманов и фрагменти од неговата монодрама „Јас сакам да станам поет“ ќе прочита Доне Донев – артист, публицист и поет.

Фестивалот ќе биде збогатен и со Изложба на дел од збирката со скулптури и избрани дела од 60 Ликовна колонија од НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, а за музичкиоот дел ќе се погрижи музичкиот состав „Дуо Либерта“ со популарното „Либер танго“ и со други класични композиции.

Во контекст на програмските содржини ќе се доделат награди за наградните книги, а ќе се додели и Специјална награда на поетесата Љубинка Донева за нејзинот поетски ракопис „Монолог на пирејот“ како вторпласиран ракопис на конкурсот за македонски автори. Исто така ќе се доделат и награди за најуспешните млади литерати, кои се јавија по Конкурсот распишан исто така од Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш.

Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани сите наградени книги, а ќе биде емитиран и документарниот филм за Ацо Караманов од серијалот „Поети и револуционери“.

Инаку чествувањето на овој голем јубилеј во чест на Ацо Караманов започна со полагање на свежо цвеќе од страна на градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов и градоначалникот на општина Берово на спомен обележјето на Ацо Караманов близу селото Смојмирово како место на неговата херојска смрт. Чествувањето беше реализирано во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“, а во соработка помеѓу општина Радовиш и општина Берово, а беше приредена и богата програма со голем број учесници од општинските училишта од Радовиш.

Најмладите од општина Радовиш ќе бидат вклучени и во работата на трибини посветени на ликот и делото на Ацо Караманов. Исто така на фасадата од Центарот за култура „Ацо Караманов“ осамнаа и визионерските стихови на Ацо Караманов изработени во месинг –„Ние/ и кога умираме/ треба да пееме“.

Радовиш

Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.

Прочитај повеќе

Радовиш

Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче

Avatar

Published

на

Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.

Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш

Avatar

Published

на

Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.

 Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.

Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.

На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.

Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

Прочитај повеќе