Радовиш
Од месец октомври започнува изградбата на градскиот пазар во Радовиш, зелениот пазар времено ќе се дислоцира
Published
2 месеци agoна
By
Media PressОд месец октомври започнува изградбата на градскиот пазар во Радовиш веќе е избран и изведувач на градежните активности. Интерс пројавиле две фирми и од проценетата вредност од 120 милиони денари цената паднала на 115 милиони денари, добитник на аукција е Карпош- Скопје. Ова го соопшти градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов на одржаната 36 седница на Совет, при што се разви дискусија околу дислокација зелениот пазар и тезгите за текстил. Тој најави дека зелениот пазар ќе се дислоцира на паркингот кај Автобуска станица во Радовиш.

Советникот Енис Омер со прашање, каде ќе бидат лоцирани тезгите за текстил?. Градоначалникот Ристов со одговор, дека заедно со ЈП Плаваја ќе се бара решение но тој е сигурен дека повеќе нема да се продава зеленчук и овошје на земја и тезгите ќе бидат искористени за тоа.

Покрај ова на седницата беа поставени уште неколку советнички прашања на кои одговараше градоначалникот Ристов. Советот на оваа седница расправаше и усвои 24 предлог заклучоци и предлог одлуки. Беше усвоена и предлог допуната на дневниот ред со 4 точки.

Поврзани содржини
Камен темелник на новиот Градски пазар во Радовиш, конечно започна изградбата
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Од октомври ќе започне изградбата на новиот „Градски Пазар“ во Радовиш, советниците ја поддржаа предлог- одлуката за негово финансирање
Река Сушица во Радовиш добива нов изглед. Активно се работи на уредување и регулација на речното корито
Општина Радовиш започна со изградбата на улица број 2, во Урбан блок 9, веднаш под булеварот
Завршува проектот за изградбата на 17 улици во шест села во Радовиш
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
4 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
