Радовиш
Река Сушица во Радовиш добива нов изглед. Активно се работи на уредување и регулација на речното корито
Објавено на
Од
Media PressАктивно се работи на изградбата на речното корито на река Сушица во Радовиш. Со овој проект е планирано регулација на околу 630 метри од речното корито на реката. Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов смета дека овие зафати ќе значат многу не само за општината, туку и за целиот струмички регион во кој се сливаат надојдените води. Конзулов изврши увид во работните активности. Проектот започна да се реализира пред една година и се очекува да заврши за неколку месеци.

Станува збор за проект за прекугранична соработка со Република Бугарија, и еден од главните зафати е уредување на дел од коритото на река Сушица која само во последните десетина години се има излеано три пати.
Еден дел од активностите е насочен кон подигањето на свеста за климатските промени и последиците од нив.
Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија и е вреден околу 588 илјади евра. Со свој дел од околу 192 000 евра учествува и општина Радовиш.
Во овој период како што истакна градоначалникот Конзулов во завршна фаза се уште неколку проекти во населените места, изградбата на повеќенаменско игралиште во подареш и изградба на неколку улици во Јаргулица, за некои се очекува отпочнување со реализација.
Поврзани содржини

Од месец октомври започнува изградбата на градскиот пазар во Радовиш, зелениот пазар времено ќе се дислоцира

Официјално извршено примопредавање на градоначалничката функција помеѓу Ристов и Конзулов

Конзулов: Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш, Ви благодарам на сите што гласавте слободно

Кандидатот за градоначалник на Радовиш Конзулов на средби со граѓани во населените места

Конзулов оствари средба со жителите на Јаргулица и Покрајчево

Конзулов на средба со жителите на Сулдурци и Воиславци, понуди реални решенија на нивните проблеми
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

