Струмица
Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата
Published
9 месеци agoна
By
Media PressВчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Поврзани содржини
Физички напад, кражба, сообраќајна несреќа, се само дел од пријавите до СВР Струмица во текот на вчерашниот ден
Превентивна активност на СВР Струмица „Има помош за живот без насилство“
При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината
Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината
Во Полициската станица- Струмица пријавено дека исчезнала 17-годишна девојка
Кривична пријава против двајца затворски работници во КПУ Затвор Струмица кои сториле по две кривични дела
Струмица
Пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис кај лице од струмичко село
Published
4 дена agoна
мај 15, 2024By
Media PressНа 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и една дигитална вага со остатоци од марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово
Published
2 месеци agoна
април 3, 2024By
Media PressВчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.
Струмица
Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали
Published
2 месеци agoна
март 27, 2024By
Media PressПриведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.
Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.