Струмица
Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село
Published
9 месеци agoна
By
Media PressВчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Поврзани содржини
Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село, почина бебе
Во сообраќајна несреќа загина 17 годишно момче во Струмица
Четириесет и седум годишно лице од струмичко Бориево го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Дабиле
Сообраќајна несреќа на регионален пат Радовиш – село Ораовица
Сообраќајна несреќа на регионален пат планина Плачковица – Радовиш, возачот се здобил со тешки телесни повреди
Сообраќајна незгода на магистрален пат Струмица-Ново Село
Струмица
Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово
Published
1 месец agoна
април 3, 2024By
Media PressВчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.
Струмица
Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали
Published
2 месеци agoна
март 27, 2024By
Media PressПриведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.
Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило
Published
2 месеци agoна
март 22, 2024By
Media PressНа 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.