Либанската министерка за култура го забрани прикажувањето на филмот „Барби“ во кината во земјата, велејќи дека тој промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и е против верските вредности, објави Ројтерс.
Министерот
Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска вооружена група Хезболах, чиј шеф
Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ заедницата, тврдејќи
дека таа претставува непосредна опасност за Либан. Тој побара од либанското Министерство за внатрешни работи да ги
преземе неопходните мерки за да го спречи прикажувањето на филмот.
Министерот за внатрешни работи
Басам Мавлави не одговори веднаш на барањата за коментар, соопшти агенцијата. Либан
беше првата арапска земја што одржа недела на геј гордоста во 2017 година и се
смета за безбедно засолниште за ЛГБТ заедницата на инаку конзервативниот Блиски
Исток. Меѓутоа, ова прашање неодамна се најде во фокусот, предизвикувајќи
тензии, објави Ројтерс.
Минатата
година Мавлави донесе одлука да ги забрани настаните „кои промовираат сексуална
перверзија“ во Либан, за кои се верува дека се однесуваат на собири пријателски
за ЛГБТ. Во говорот минатиот месец,
Насрала ги повика либанските власти да преземат акција против материјалите што
тој смета дека промовираат хомосексуалност, вклучително и нивна забрана.