Радовиш

Општина Радовиш започна со поправање, фарбање и подновување на урбаната опрема во градот

Општина Радовиш започна со поправање, фарбање и подновување на урбаната опрема во градот, која е искршена од несовесни граѓани. Имено  некои од клупите за седење во детските паркови и покрај кејот на Радовишка река како и на други јавни површини, се уништени до тој степен што се оставени само на металната конструкција.

Покрај подновувањето на веќе поставената убана опрема ќе бидат поставени и  нови 80 клупи донација од Турција, кои ќе бидат распоредени во градот и во населените места.

Од општината уште еднаш аплеираат до граѓаните одговорно и совесно да се однесуваат кон урбаната опрема бидејќи таа е наменета за користење на сите граѓани. Клупите, освен за седење немаат друга намена, потсетуваат од општината. Но се поставува прашањето до кога ќе останат неоштетени???

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago