Технологија

Ново откритие! Батериите на телефоните ќе траат подолго.

Како ви звучи 44% подобра автономија на батеријата на телефоните – новата технологија би можела да го овозможи токму тоа.

Инженерите од Универзитетот Рајс пронајдоа начин да ги подобрат литиум-јонските батерии и да ги направат уште поефикасни. Овој подвиг е постигнат преку посебен процес кој ја ублажува загубата на литиум, но и ја подобрува автономијата на батеријата. Процесот се потпира на обложување на силиконски аноди со постабилни литиумски честички.

Откритието е направено кога еден од инженерите на Универзитетот Рајс испрскал слој од мешавина од честички на анодата и преку дополнителни тестови сфатил дека овој процес ја подобрува автономијата на батеријата од 22 на дури 44%. Дополнително, повеќе слоеви од оваа смеса резултираа со поголема ефикасност на батеријата, пренесува smartlife.

Ова откритие е многу значајно и може целосно да го промени начинот на кој ги користиме уредите на батерии. Тоа значи дека би можеле подолго да користиме телефони, паметни часовници и многу други уреди кои се потпираат на литиум-јонски батерии, односно да ја одложиме потребата за полнење.

За жал, премачкувањето на анодата со специјална смеса со себе носи некои негативни ефекти врз самата батерија. Инженерите забележале дека овој процес го намалува бројот на циклуси, односно бројот на полнења што може да ги издржи батеријата пред нејзиниот капацитет да падне под задоволително ниво.

Сепак, дури и ако инженерите не најдат начин да го надминат овој проблем, на хоризонтот има голем број други решенија кои ветуваат слични резултати. Еден од нив е замена на графитот во батеријата со силикон, што би овозможило поголема густина на енергија. Бидејќи силиконот има способност да „спакува“ повеќе литиум јони, веќе има одредени напори во индустријата ова да стане стандардна практика во производството на литиум-јонски батерии.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago