Connect with us

Радовиш

Радовишките пензионери излегоа на протести, бараат линеарно покачување на пензијата

Avatar

Published

на

Протестите на пензионерите се проширија во повеќе градови а денеска и во Радовиш. Радовишките пензионери незадоволни од најавеното покачување на пензиите од 6 отсто во септември денеска излегоа на мирен протест пред Собранието во Радовиш. Незадоволните пензионери побараа линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари и зголемување на минималната пензија на 80 отсто од минималната плата.

„Никако процентуално, ние сме за линеарно покачување на пензиите. Процентуалното покачување толку нѐ оддалечи едни од други што јас имам 10.000  а на некои се качија до месечината. Покачувањето на пензиите мора да биде линеарно еднакво за сите, бидејќи кога одиме да  купуваме во продавница за сите е исто на каса, се со иста цена и за пензионерите со најниски примања, но и за оние со највисоки“, велат пензионерите од Радовиш. 

„Нели е срамота некои да имаат покачување од 87 отсто, а на нас само 6 отсто. Бараме за сите да биде еднакво, линеарно и зголемување на  процентот на минималната пензија  на 80% од минималната плата“ додаваат револитраните пензионери.

Протестот е подржан и од активот на жените пензионерки во општините Радовиш и Конче но семтат дека раководството на здружението  требало да биде информирано.

„Даваме целосна поддршна на протестот и нашиот став го пренесовме преку нашиот претставник во извршниот одбор во Сојузот на пензионери во Скопје, дека ги поддржуваме протестите на пензионерите за линеарно покачување на пензијата“, вели Костадинка Николова претседател на Активот на жени пензионерки од Радовиш и Конче.

За утре пензионерите најавија повторно протести во 10 часот но овој пат пред клубот на пензионери во пензиомнерскиот дом во радовиш каде е сместено и раководството на ЗПОРК од кое ќе побараат поддршка.

Протестите почнаа во Прилеп каде незадоволните пензионери побараа линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари наместо најавеното покачување од 6 отсто во септември, за потоа да се прошират и во останатите градови.

Радовиш

Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2,  финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.  

Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.

Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.

Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.

Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу  600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.

Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Прочитај повеќе

Радовиш

Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш

Avatar

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.

Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).

„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Прочитај повеќе