За некои возачи автомобилот ќе седи на паркинг или во гаража долго време, но што ќе се случи со горивото? И дали има рок на траење?
Застареното гориво во резервоарот на автомобилот не може да се спореди со квалитетни вина, кои со текот на времето добиваат квалитет доколку се складираат на правилен начин.
Имено,
бензинот и дизелот не можат да останат предолго во резервоарите, односно можат,
но во тој случај ќе ги загубат своите својства и ако го стартувате автомобилот
по месеци некористење, може да има проблеми, пишува Ревијахак .
Бензинот во резервоарот треба
да се искористи по најмногу два до три месеци по истурањето. Во
спротивно, ќе стане течност што може да му наштети на вашиот мотор.
Дизелот во резервоарот за
гориво може да „издржи“ исто толку кратко. Во биодизелот има бактерии, со
кои се меша дизелот, кои ќе почнат да делуваат на горивото и да создаваат
каллив остаток кога ќе се остави да стои.
Може да дојде до корозија на
резервоарот за гориво или блокирање на системот за снабдување со гориво.
Дизелот во резервоарот треба да
се потроши за приближно три месеци, а најдоцна шест месеци по истурањето.
Сето ова се секако општи препораки
бидејќи никој не знае колку гориво има во вашиот автомобил, какви се
температурите, колку кислород има во резервоарот.
Како
да препознаете дотраено гориво, односно што ќе се случи кога ќе влезе во
моторот на вашето возило?
Ќе се запали сијаличката за
проверка на моторот, која, се разбира, може да се вклучи и од огромен број
други причини. Во тој случај, совет е да го однесете вашето возило во
сервис каде ќе ја откријат причината за проблемот.
Исто така, моторот може да има
проблеми со палењето, грубо празен òд или губење на моќноста при забрзување.
Доколку се утврди дека
причината е „гнило“ гориво, тоа мора да се исцеди од резервоарот.