ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, продолжува акцијата за делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови
Голем интерс за спорведената акција на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта која вчера ја спорведе во центарот на градот.
Медицинскиот тим вчера од 18 часот спроведе акција за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта, како делење на совети за справување со топлотниот бран и вода за пиење на случајните минувачи.
Акцијата се спроведе на плоштадот “Свети Спасо Радовишки“, заедно во соработка со Црвен крст на Општина Радовиш и како што информираат од Здравствениот дом биле прегледани над 80 граѓани.
„Поради денешната голема посетеност со над 80 граѓани на Општина Радовиш, екипата на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш заедно со Црвен крст на Радовиш продолжува со делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови на иста локација од 18:00 часот“, стои во известувањето од Здравствен дом.
Исто така одтаму
потсетуваат дека продолжуваат да важат
мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури;
Според Управата за хидрометеоролошки
работи, како што извести Министерството за здравство, портокаловата фаза во
којашто се наоѓа државата продолжува и се очекува да трае во следните 10-тина дена.
Поради тоа продолжуваат да важат и препораките за намалување на ризиците
од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство
за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на
населението.
Ослободување од работни обврски на
најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над
60 години, чии работни ангажмани не е можно да се спроведат преку онлајн
работа.
Односно, ослободување од физичко
присуство на работното место, со организирање онлајн работата, таму каде
техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа;
• Во установите за згрижување на
децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат
децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
• Единиците на локалната самоуправа,
Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со
топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и
бездомници;
• Со оглед дека одредени ризични
производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по
здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за
почитување на законските прописи од оваа област.
Согласно добиените информации, Владата
одлучи:
• Државните органи и јавните
претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;
• Владата препорачува на приватниот
сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева
изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот
од 11:00 до 17:00 часот;
• Сите правни субјекти кои вршат
активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00
часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;
• Градинките треба да го организираат
работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да
практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по
11:00 часот.
Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, од 17 – 25 јули, до натамошно одлучување.