Во
компанијата Рено сметаат дека брзата транзиција кон исклучиво електрични
автомобили е непожелна.
Европа рече дека не сака нови
автомобили со фосилни горива од 2035 година, но ако мислите дека моторите со
внатрешно согорување ќе исчезнат, далеку сте од вистината. Има и други
делови од светот, како и нови горива, кои би можеле да ја променат целата парадигма.
Накратко, ова го изјави
Жан-Доминик Сенар, претседател на одборот на директори на групацијата Рено, за
францускиот весник Ла
Трибјун .
Има еден исклучок во одлуката
на ЕУ, а тоа се моторите со внатрешно согорување кои работат на синтетички
горива. Тие се воведени и како легитимна опција.
Овој исклучок е направен на
инсистирање на Германија и Сенард е среќен поради тоа.
„Не
ме сфаќајте погрешно, Renault е подготвен да се збогува со моторот со внатрешно
согорување. Renault ќе биде електричен во 2030 година, но ние исто така мора да
продолжиме да развиваме и произведуваме автомобили со мотор со внатрешно
согорување. Бидејќи без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, моторот од ваков
тип на гориво ќе остане во светот уште најмалку седумдесет години“.
Претседателот на бордот на
директори на групацијата Рено објаснува дека затоа се вложуваат значителни
средства во развојот на алтернативни горива.
„Добро
знаеме дека се прави напредок во таа област. Сепак, се поставува прашањето по
која цена? Би било убаво да ја намалиме цената на алтернативните горива на 1
евро или 1,50 евро за литар. Независни експерти велат Се одвива побрзо отколку
што мислите: можеби ќе бидеме таму за четири, пет, шест години“.
Сенард истакнува дека брзата
транзиција кон исклучиво електрични автомобили е непожелна.
„Ако
имаме и најмал сомнеж за тоа дали имаме доволно енергија за електрични
автомобили, за суровини или геополитички кризи, не можеме да си дозволиме да се
обложиме на еден коњ. Предизвиците кои водат кон преминот кон 100% електрично
возење се многубројни и обемни. “
Сенард е особено загрижен што
многу од суровините потребни за електричните автомобили доаѓаат од Кина.
„Овие
благородни метали и минерали се клучни за развојот на електричните автомобили и
мислам дека не очекувавме фундаментална геополитичка криза. Всушност, мислам
дека војните во иднината ќе бидат војни со ресурси“.