Радовиш
ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, продолжува акцијата за делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови
Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Голем интерс за спорведената акција на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта која вчера ја спорведе во центарот на градот.
Медицинскиот тим вчера од 18 часот спроведе акција за бесплатно мерење на притисок и шеќер во крвта, како делење на совети за справување со топлотниот бран и вода за пиење на случајните минувачи.

Акцијата се спроведе на плоштадот “Свети Спасо Радовишки“, заедно во соработка со Црвен крст на Општина Радовиш и како што информираат од Здравствениот дом биле прегледани над 80 граѓани.

„Поради денешната голема посетеност со над 80 граѓани на Општина Радовиш, екипата на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш заедно со Црвен крст на Радовиш продолжува со делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови на иста локација од 18:00 часот“, стои во известувањето од Здравствен дом.
Исто така одтаму потсетуваат дека продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури;
Според Управата за хидрометеоролошки работи, како што извести Министерството за здравство, портокаловата фаза во којашто се наоѓа државата продолжува и се очекува да трае во следните 10-тина дена.
Поради тоа продолжуваат да важат и препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.
Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години, чии работни ангажмани не е можно да се спроведат преку онлајн работа.
Односно, ослободување од физичко присуство на работното место, со организирање онлајн работата, таму каде техничко-технолошкиот процес го овозможува тоа;
• Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
• Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;
• Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Согласно добиените информации, Владата одлучи:
• Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;
• Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
• Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;
• Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.
Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од 9 дена, од 17 – 25 јули, до натамошно одлучување.

Поврзани содржини
Голем интерес од страна на пензионерите во Радовиш, да си го проверат своето здравје
ОО на Црвен крст, Радовиш успешно реализира уште една крводарителска акција
Еколошките активности во општина Василево продолжуваат и во месец април
Утре во Радовиш бесплатна акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“ по повод Светскиот ден на здравјето
Првите пролетни денови во Општина Радовиш започнаа со еколошки активности
Невладината организација Treebanks од денеска започнува со акција за пошумување во Радовиш
Радовиш
За прв пат Денот на рударите – 28 август ќе биде прославен заедно со граѓаните во центарот на Радовиш
Published
1 месец agoна
август 18, 2023By
Media Press
За прв пат годинава Денот на рударите 28 Август и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица заштитничка на рударите, ќе биде одбележан со централен настан кој ќе се одржи во центарот на Радовиш.
Како што рече градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов на барање на општината, се договориле заедно со раководството на двата рудника Бучим и Боров Дол, прославата да се одржи во центарот на градот заедно со сите граѓани.
„Радовиш е рударски град и Денот на рударите треба да го прославиме сите заедно со рударите, нивните семејства и со останатите граѓани на Општина Радовиш. ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрасниот настан и да уживаат во празникот’, рече градоначалникот Ристов.

Од рудниците потврдија дека за Денот на рударите и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, ќе се одржи голем концерт на Каролина Гочева. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во прекрасните изведби на Каролина, да се развеселат и да го празнуваат празникот.
„Пред големиот концерт, во делокругот на рудникот Бучим ќе се одржи мала официјална церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, по што сите заедно со менаџерскиот тим ќе се преселиме на главниот настан во центарот на градот да го проследиме концертот на Каролина Гочева и да прославиме заедно со граѓаните“, рече прес секретарот на рудниците Бучим и Боров Дол, Кристина Крстева.
Радовиш
По втор пат во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“, започнувајќи од утре
Published
1 месец agoна
август 17, 2023By
Media Press
По втор пат во Радовиш ќе се одржи манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“. Наредните три дена 18, 19 и 20 август 2023 година ќе бидат изложени мед и производи од мед на штандови во централното – градско подрачје на Плоштадот Св. Спасо Радовишки, како дел од регионални туристички промотивни денови во градот Радовиш.
Манифестацијата и годинава е предвидена во деновите кга се одбележува и чествува патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки. Покровител на истата е Општина Радовиш а финасиски е поддржана и од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Манифестацијата ќе биде збогатена со дополнителни програмски содржини и изложувачи на здрави еколошки производи. Излагачи на оваа традиционална манифестација ќе бидат: Производители на мед и производи од мед, производители на други земјоделски производи, производители на локална храна и специјалитети и НВО што работаат во областа на туризмот.

Радовиш
Заврши изградбата на локалниот пат Радовиш – пристап до градски водовод
Published
1 месец agoна
август 16, 2023By
Media Press
Заврши изградбата на локалниот пат Радовиш – пристап до градски водовод во должина од околу 3 километри и широк 3,5 метри.
Реализацијата на овој проект со средства од ТАФ – програмата се развлече околу две години поради докомплетирање на проектот.

Како што рече градоначалникот Ацо Ристов кој денеска изврши увид во градежните активности, со овој пат ќе се овозможи побрз пристап до градскиот водовод но и пристап до обработливо земјоделско земјиште како и можност за пешачење и прошетки во природа.

„Со асфалтирањето конечно ќе се заокружи овој проект со кој се добива можност за побрз пристап кон градскиот водовод и до земјоделските површини, како можност за посети и уживање во убавините на природата по горниот тек на Радовишка река. Во овој дел од градот ќе биде изграден и градски парк како што е предвидено во мојата програма“, вели Ристов.
Градоначалникот упати порака и до дрвокрадците кои честопати беа пресретнувани токму на овој пат користејќи го за кражба на огревно дрво, дека сега почесто овде ќе патролираат и полициски возила па да не се чувствуваат комотни и да го користат патот за такви цели бидејќи во секој момент можат да бидат фатени на дело.


Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
