Василево
Второ прскање против комарци во Општина Василево
Published
3 месеци agoна
By
Media Press
Се известуваат граѓаните на општина Василево дека на ден 05.07.2023 година (среда) во периодот од 19,00 часот на територијата на општина Василево ќе се започне со прскање против возрасни комарци a на ден 06.07.2023 година (четврток) од 10,00 часот ќе се спроведе ларвицидно прскање.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период, соопштуваат од Општина Василево.
Поврзани содржини
Второ прскање против комарци во општините Радовиш и Конче, во четврток и петок
Второ прскање против комарци во Гевгелија на 7 јули
Прво прскање против возрасни комарци во Општина Радовиш
На 22 и 23 јуни ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни комарци
Прво прскање против комарци по земјен пат во десетте општини од регионот
Десетте општини во регионот започнуваат со активности за првото ларвицидно прскање против комарци
Василево
Прекин на сообраќајот на локалниот пат Стар пат Василево- Пиперево
Published
1 недела agoна
септември 25, 2023By
Media Press
Општина Василево Ве информира дека поради изведување на градежни работи односно пополнување на дупките со бетон на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево, во текот на денешниот ден, 25.09.2023 година (понеделник) истиот нема да може да се користи.
„Сите оние кои во текот на денешниот ден ќе имаат потреба од користење на овој пат, ги замолуваме да ги користат алтернативните патишта. Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на оваа активност, општина Василево очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници во сообраќајот“, стои во соопштението од Општина Василево.
Василево
Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево
Published
2 месеци agoна
јули 24, 2023By
Media Press
Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.
Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.
На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман доби дрес, Трајче Димитров од екипата на Спорт лајф за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.
На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени медали.
„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.
Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов – Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.
Василево
Во Радичево одбележан историски настан
Published
3 месеци agoна
јули 19, 2023By
Media Press
Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, денеска беше одбележана 82-годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина на која биле поставени темелите на идната заедничка револуционерна соработка.
За настаните од тој период, за целта и мотивите на тогашната средба беше прочитан реферат.
Пред спомен плочата се поклонија делегаии од општина Василево и од општинските одбори на Сојузот на борците од Струмица и Струмичко и Радовиш.

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Опуштен Euro 7 стандард : Малите автомобили ќе преживеат
