Регион
Ларвицидна дезинсекција и теристична дезинсекција (од земја) против комарци, во општините од Југоистокот
Објавено на
Од
Media Press
Во рамките на активностите за заштита од комарци и во спроведувањето на Програмата за дезинсекција, се известуваат граѓаните на општините од Југоисточниот плански регион дека на 15, 18 и 19 август 2025 година ќе се изврши ларвицидна и теристична дезинсекција, согласно следниот распоред:
15 август 2025 (петок)
* Ларвицидна дезинсекција во претпладневните часови
* Општини: Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Валандово, Дојран, Конче и Радовиш
18 август 2025 (понеделник)
* Теристична дезинсекција (од земја) во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот
* Општини: Дојран, Валандово, Струмица, Василево, Босилово, Ново Село
19 август 2025 (вторник)
* Теристична дезинсекција (од земја) во вечерните часови, од 20:00 до 24:00 часот
* Општини: Радовиш и Конче
Дезинсекцијата ќе се изврши со хемиски средства одобрени од надлежните институции, во целосна согласност со пропишаните здравствени, безбедносни и еколошки стандарди.
Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени и реализирани во првиот следен поволен термин.
Апел до пчеларите: Се замолуваат сите сопственици на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелните кошници во наведените термини на прскање.
Оваа активност се спроведува со цел унапредување на јавното здравје и заштита на населението од појава и ширење на преносливи заболувања.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Поврзани содржини

Четврток и петок прскање против комарци во Радовиш, Конче, Струмица, Валандово, Василево, Босилово и Ново Село

Две сообраќајни несреќи во југоистокот во текот на вчерашниот ден, едно лице починало

ВИДЕО: Пратеници фрлаат димни бомби, салата полна со чад, немири во српското собрание

Во Струмица, се одржа настанот „Ден на Југоисточниот плански регион,“ на кој беа претставени достигнувањата и потенцијалите на регионот

Градоначалниците на општините Василево, Ново Село и Босилово потпишаа договори во Владата, за реализација на инфраструктурни проекти

Утре вечер, прскање против комарци во Општина Радовиш, следните два дена и во останатите општини во Југоистокот
Регион
Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 06.11.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(33) од тоа село. Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени повеќе тегли исполнети со марихуана, две растенија од канабис и семки од канабис, а при преглед на К.П. тој извадил и предал рачно изработена цигара со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.П.Е.(63) од Струмица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „волксфаген“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Е.П.Е. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Љ.Г.(34) од село Вељуса, струмичко. По преземени мерки било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна документација. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.11.2026 во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното тој на 08.11.2026 во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Регион
Сообраќајна несреќа со смртни последици на магистралниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Радичево
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
Media Press
На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Регион
Една сообраќајна нзгода, возење под дејство на алкохол и без возачка дозвола, пронајдена дрога, се дел од билтенот на СВР Струмица
Published
4 недели agoна
октомври 19, 2026By
Media Press
На 17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев” во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“ Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.
На 17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т. извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ноќеска (18.10.2026) во 02:20 часот на крстосница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер било констатирано дека Б.Т. возилото го управува со 1.63 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Б.(42) од Гевгелија. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер е констатирано дека М.Б. возилото го управува со 1.60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.
Ноќеска (18.10.2026) во 00:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(44) од село Бојане, општина Сарај. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

