Connect with us

Гевгелија

Второ прскање против комарци во Гевгелија на 7 јули

Avatar

Published

на

На 7 јули 2023 година (петок), на подрачјето на општина Гевгелија, ќе се изведе второто прскање против комарци, согласно планот за активности во рамки на годинашниот третман што го организира Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион. Со почеток од 10:00 часот, ќе биде изведена ларвицидната дезинсекција, а теристичката дезинсекција против возрасни комарци во вечерните часови, односно со почеток од 23:00 часот.

За таа цел, се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пред изведбата на теристичката дезинсекција во најавениот период. Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе биде одложена и предвреме најавена за нејзиното изршување.

Гевгелија

На Граничен премин Богородица фатени 387 штеки различни видови цигари и тутун

Avatar

Published

на

Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија, информира МВР.

При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово

Avatar

Published

на

На 23.08.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија

Avatar

Published

на

На последната 29. седница, пред Советот на Општина Гевгелија се најде Информација за состојбата со постапување по барањата за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти во општина Гевгелија за периодот 4 март 2011 година – 30 јуни 2023 година. Според приложената информација, во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година, биле доставени 5.842 барања од граѓани за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти.

Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко- планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување правен статус на бесправен објект објавени во „Службен весник на Република Македонија“, од страна на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања. Од вкупно поднесените 5842 барања за утврдување правен статус на бесправно- изградени објкети, 5.390 се позитивно решени, а 452 барања се во постапка на решавање. Законскиот рок за постапувања по барањата е до 3 март 2026 година.

Прочитај повеќе