Гевгелија
Локалниот младински совет од Гевгелија со повик за учество на млади од Југоистокот на дводневен фестивал „МЛАДИНСКИ БРАН“
Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Локалниот младински совет на Општина Гевгелија објави Јавен повик за изразување интерес за учество на Дводневниот музички фестивал „Младински бран“, кој ќе се реализира преку Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година.
Имено, овој Фестивал има за цел младинско вмрежување, затоа повикот е наменет за учество на млади, на возраст од 15 до 29 години, не само од Гевгелија туку и од соседните општини во Југоисточниот Регион.

Пријавувањето опфаќа учество во: музички настани, панел-дискусии, работилници, сесии за размена на искуства, изложби, волонтерство и многу други активности. Повикот е отворен до 23 јуни 2023 година, а заинтересираните можат да го изразат својот интерес за учество со пополнување формулар на електронската платформа, на следниов линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSenHQg18Jj…/viewform…
Повеќе информации на официјалиот Facebook профил (Локален младински совет- Гевгелија) и Инстаграм профилот на Локалниот младински совет (mladinskisovet.gvg).
Дводневниот фестивал ќе се одржи на 6 и 7 јули, на летната тераса на хотел „Аполонија“ (коктел-бар „Драма“).
Поврзани содржини
Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија
Започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипед во Гевгелија
Второ прскање против комарци во Гевгелија на 7 јули
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и ФТБЛ на 14-та по ред „Гастрономска изложба 2023“
Современа угостителска сала доби СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Гевгелија, започна со втората фаза од спроведувањето на Проектот за селекција на отпад, поделени 2.096 канти и 56 контејнери
Гевгелија
На Граничен премин Богородица фатени 387 штеки различни видови цигари и тутун
Published
3 недели agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија, информира МВР.
При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гевгелија
Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово
Published
1 месец agoна
август 24, 2023By
Media Press
На 23.08.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.
Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.
Гевгелија
Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија
Published
3 месеци agoна
јули 21, 2023By
Media Press
На последната 29. седница, пред Советот на Општина Гевгелија се најде Информација за состојбата со постапување по барањата за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти во општина Гевгелија за периодот 4 март 2011 година – 30 јуни 2023 година. Според приложената информација, во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година, биле доставени 5.842 барања од граѓани за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти.
Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко- планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување правен статус на бесправен објект објавени во „Службен весник на Република Македонија“, од страна на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања. Од вкупно поднесените 5842 барања за утврдување правен статус на бесправно- изградени објкети, 5.390 се позитивно решени, а 452 барања се во постапка на решавање. Законскиот рок за постапувања по барањата е до 3 март 2026 година.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
