Connect with us

Валандово

Сообраќајна несреќа во валандовско, од здобиени повреди починал мотоциклист

Avatar

Published

на

На 06.06.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А-1, делница село Удово – село Марвинци, општина Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од М.К.(68) од село Пирава, валандовско и патничко возило „сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(36) од село Јосифово, валандовско.

Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал  лекар од Здравствен дом Валандово. А.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од Полициската станица Валандово, соопштуваат од МВР.

Валандово

Се одржа ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2023, победник е Мишко Крстевски

Avatar

Published

на

Во фестивалската сала Јанко Узунов во Валандово, викендот се одржа 36 издание на фестивалот на новосоздадена македонска песна „Фолк Фест Валандово 2023“.

Се натпреваруваа 20 композиции, творени во духот на македонската фолк музика.

За победник на фестивалот е избрана композицијата Ема Убава изведена од Мишко Крстевски, второтопласирана е композицијата “Ни седум неба ни седум гори” на Елена Андоновска, а за трето место беше избрана композицијата “Букет од сомнежи” на Анета и група Молика.

Вечерта помина со многу музика и силни емоции. Награда за животно дело постхумно беше доделена на Ѓоко Дончев, за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе.

Ревијалниот дел, беше посветен на виртуозот на харминика и композиторот Милан Завков, во чија чест група изведувачи и негови пријатели музичари изведоа музички омаж.

„Фолк Фест – Валандово, е симбол на нашата заедница и традиција која ја негуваме и надградуваме генерации наназад. Фестивалот има исклучително културолошко значење и истиот е дел од нашата идентитетска посебност“, напиша градоначалникот Перо Костадинов на својот фејсбук профил.

Прочитај повеќе

Валандово

Два случаи на каснување од куче скитник во валандовско село Марвинци, за еден ден

Avatar

Published

на

Вчера во 09.00 часот во Полициската станица Валандово, З.С.(48) од село Марвинци, валандовско, пријавил дека во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. Истиот ден, во 09.15 часот и С.С.(51) од село Марвинци пријавил дека на игралиштето во училиштето во село Марвинци неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Прочитај повеќе

Валандово

Николовски: Ставаме на располагање 500.000 евра за производителите на зимска зелка на отворено преку Интеревентната програма

Avatar

Published

на

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во Валандово одржа средба со производителите на зимска зелка на отворено. На средбата, министерот Николовски ги информираше производителите дека се подготвува нова интервентна мерка со која Министерството преку Интервентната програма ќе им излезе во пресрет на производителите на зимска зелка на отворено. Беше презентиран предлог за мерката, кои услови треба да бидат исполнети, начинот на аплицирање а се разговараше и за одредување на најоптималните рокови за поднесување на барања, со цел никој да не биде оштетен.

„Станува збор за производство на расадена зимска зелка на површина од околу 500 хектари, од валанадовско-гевгелискиот регион. Министерството предложи производителите на зимска зелка да добијат финансиска поддршка за остварено производство, за која цел  од буџетот на Интервентната програма ќе се издвојат 500.000 евра, сума со која се опфатени сите производители, со што уште еднаш докажуваме дека се грижиме за секој еден земјоделец.

Интервентната програма е нова програма која ја креиравме уште пред почетокот на кризата и која за цел имаше токму вакви ситуации, да имаме однапред обезбеден буџет за да интервенираме секаде каде ќе биде потребно.

Крајниот рок за поднесување на барањата и сите детали за креирањето на мерката дополнително ќе се утврдат. Она што е најважно е дека Министерството ќе интеревенира со 500.000 евра, пари кои се веќе обезбедени“ соопштуваат од МЗШВ.


Прочитај повеќе