Конче
Заврши бесплатниот ликовен курс за млади уметници во Општина Конче, денеска им беа доделени сертификати
Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Заврши бесплатниот ликовен курс за млади уметници кој се спроведеуваше во изминатите три месеци во Општина Конче. Курсот го организира Здружението на ликовни уметници ,,Рада” од Радовиш, а финансиски беше поддржан од Општина Конче и градоначалникот Златко Ристов. Денеска, во дворот на манастирот Свети Стефан во Конче, беше организирана изложба на дела нацртани од младите уметници и притоа им беа доделени сертификати на сите учесници во курсот.

„Денес нашите млади уметници успешно го завршиа проектот спроведен од страна на Здружението на ликовни уметници ,,Рада” од Радовиш , во кој учество земаа повеќе ученици од општинското училиште ,,ООУ Гоце Делчев” Конче“, рече градоначалникот Ристов на денешното додлеување на сертификатите и притоа најави дека ќе продолжат со поддршка на младите таленти и во иднина.
Поврзани содржини
КОПНЕЖОТ НА СВЕТЛИНАТА – самостојна изложнба на уметникот Душан Коцев
Во Радовиш, изложба на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование
Утре, изложба во Радовиш на цртежи од ученици кои завршија основен прв курс по ликовно образование
Започнаа активносите за одбележување на Денот на заштитниците на Струмица, Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици
Во Валандово се одржува 26 – та Меѓународна ликовна колонија
Ликовна изложба на Ангела Јанкулова во рамките на „Месецот на книгата“ во библиотеката во Радовиш
Конче
Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, Општина Конче
Published
1 недела agoна
септември 14, 2023By
Media Press
Општина Конче продолжува со изградба и уредување на пристапни патеки и улици во наслените места во општината. Во завршна фаза е уредување на Улица ,,1″ во село Горни Липовиќ, објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи.

Претходно е завршено со изградба и уредување на прстапни патеки и улици во Конче, а сега продолжува овој проект по останатите населени места.

Конче
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче
Published
3 недели agoна
септември 4, 2023By
Media Press
Ваучер од по 6.000 денари додели Општина Конче на сите првачиња од ООУ “Гоце Делчев” Конче, на првиот училишен ден, кој останува за паметење кај повеќе првоодделенчиња.
Со пригодна програма од учениците вработените во училиштетото им посакаа добредојде на првачињата.
Среќен почеток во новата учебна година на сите дечиња кои го прават првиот чекор во училишните клупи, посака и градоначалникот Златко Ристов, кој беше присутен на свеченоста за прием на првачињата.
„За таа цел заедно со Советот на општина Конче доделуваме ваучери по 6 000 денари кои денеска ги исплативме на сметките на родителите.Тука нема да застанеме и продолжуваме со подршка на учениците од ООУ “Гоце Делчев” Конче. Децата се нашата иднина“ вели градоначалникот Ристов.


Конче
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши прскање против комарци
Published
2 месеци agoна
јули 25, 2023By
Media Press
Општина Конче ги известува граѓаните дека во четврток ќе се врши ларвицидна дезинсекција и дезинсекција против возрасни комарци.
„Ве известуваме дека на ден 27.07.2023 година (Четврток) со почеток од 18 часот ќе се изврши ларвицидна дезинсекција, а дезинсекција против возрасни комарци во 20 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. Благодариме за разбирањето!!“ стои во соопштението од Општина Конче.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
