Приведени двајца криумчари на мигранти кои превезувале 10 лица мигранти од Сирија.
Вчера околу 19.20 часот на регионалниот
пат Удово – Демир Капија, кај место викано „Раскрсница Удово“, полициски
службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин
Богородица ги лишиле од слобода М.С.(22) од с.Желино, тетовско и А.Џ.(20) од
Тетово.
А.Џ.
се сомничи дека со патничко возило „мерцедес“ со словачки национални ознаки,
превезувал 10 лица мигранти од Сирија, а М.С. со патничко возило „мерцедес“ со
тетовски регистарски ознаки бил претходница на возилото на А.Џ..
Имено,
околу 16.20 часот на автопатот А1, кај клучка Смоквица, полициски службеници
дале знак за запирање на возилото „мерцедес“ со словачки национални ознаки, но
возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, кај место викано
„Раскрсница Миравци“ возачот изгубил контрола, излетал од коловозот, по што
побегнал. Притоа, во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, кои
биле смeстени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за
понатамошна постапка.
По преземени мерки, во 19.20 часот кај Удово, лицата биле пронајдени и лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така вчера била сузбиена организирана меѓународна група за криумчарење мигранти, при што се приведени 10 лица.
Како што информира МВР вчера од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Секторите за внатрешни работи Куманово, Скопје, Струмица и Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, во рамките на криминалистичка истрага која се води под псевдонимот „Исар“, била спроведена координирана полициска операција со цел сузбивање на организирана криминална група, која го извршувала кривичното дело криумчарење мигранти.
„Криминалистичката истрага над организираната 17-члена група, која е дел од меѓународен канал за криумчарење на мигранти, се спроведуваше од јули 2021 година до мај 2023 година. Оваа организирана криминална група врз основа на претходен договор со лица од Србија, Бугарија, Унгарија и РСМ, организирале криумчарење на мигранти од Грција кон Унгарија и од Бугарија кон Србија, со крајна дестинација во земјите на ЕУ.
Во
зависност од бројот на криумчарените мигранти, како и локациите и возилата со
кои се преземани и превезувани мигрантите од страна на криминалната група од
РСМ преку териториите на Србија, Унгарија и Бугарија, цената на транспорт по
лице која ја исплаќале мигрантите се движела од 2000 до 4000 евра.
Во текот на истрагата утврдено е лице – организатор по потекло од Ирак, со германски травел документи, член на меѓународната криминална група на криумчарење на мигранти, кој по претходна комуникација со организаторите од РСМ договарал прифаќање и превезување на илегални мигранти на територијата на Бугарија и Унгарија, за што преку брз трансфер на пари, преку лица посредници од Турција вршел трансфер на пари кон организаторите од РСМ“ соопштува МВР.
Поднесена мила кривична пријава против 17 лица, 9 лица од Куманово, 4 од Кратово и по едно лице од Скопје, Штип и Струмица