Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за
вклучување во Програмата Општинско – корисна работа, која се спроведува врз
основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, Програмата
за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина
Радовиш во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за
вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, а финансирана од Буџетот на
Агенцијата за вработување на, на ден 05.06.2023 година се објавува:
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да
се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Наши сограѓани – Наша грижа” за работно ангажирање со скратено
работно време од 9 (девет) месеци заради
стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават
во Агенција за вработување- Центар за вработување -Радовиш
Програмата предвидува 3 месеци задолжителна обука и 6 месеци работно
ангажирање.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку
програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во
Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено
работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на
задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен
сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/
компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата
која треба да се испорачува и за време на
работниот ангажман од 6 (шест)месеци или вкупно 9(девет) месеци,
статусот на невработените лица останува
непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на
корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно
ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите
невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат
за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани
и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен
надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката
и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за
инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална
болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата
Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи
невработени лица:
-долгорочно
невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со
предност на
невработени лица над 5 години)
-млади лица
до 29 години
-лица постари од 50 години
–невработени
лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица кои имале статус на деца без родители и
родителска грижа
-жртви на семејно насилство
-лица со попреченост
– лица припадници на ромската етничка
заедница
–самохрани родители
– родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
– лица со
незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање
на :
– Работно место 1: Личен Асистент_3-три лица
– Работно место 2: Негувател _2 Две лица
Работно место 3: Лица за подршка на слепи лица_3– три лица
Работно место 4: Негувател за стари и
изнемоштени- мултиплекс склероза __
3-три лица
Работно место 5: Негувател за стари и изнемоштени-алцхајмер _3-три лица
Работно место 6: Негувател за стари и изнемоштени- палијатива _5-пет лица
Работно место 7: Асистент за подршка
за самостојно живеење-инструментални _6–шест лица
Заинтресираните невработени лица
Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да
поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот
од 05.06.2023 година до 09.06.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на
Договор помеѓу општина Радовиши избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се
добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за
Програмата „Општинско-корисна работа“, а во Агенција за вработување- Центар за
вработување Радовиш- кај лицето Стојан
Лазаров, Центар за социјлна работа
Радовиш кај лицето Александар Филев. Се
повикуваат и лицата кои имаат потреба од една од горе наведените услуги да се
пријават во Општина Радовиш за да бидат потенцијални корисници .