Connect with us

Гевгелија

Современа угостителска сала доби СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во рамки на вчерашната дисеминација на проектот „Трендови во автомобилската индустрија“ преку Еразмус+ Програмата, којашто се одржа во новоуредената угостителска сала, заедно со директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Марија Танева, изврши увид во новоопремениот угостителскиот објект на Училиштето.

Изминатиот период, за комплетната функционалност на угостителската сала, кујна и кабинети беа набавени опрема и инвентар, во вредност од 2.161.739 денари. Претходно, во периодот 2009-2017 година беше реконструирана салата и обезбедена со опрема за готварство, со заштеда на средствата од блок-дотации. Новиот угостителски објект во СОУ „Јосиф Јосифовски“ располага со два кабинети- еден по готварство, кујна и кабинет по послужување, т.е. угостителската сала.

Со неговото целосно уредување и опремување, Гевгелија доби уште еден модерен угостителски објект со капацитет за 150 луѓе. Но, со првенствена цел – обезбедени се најсовремени услови за стекнување знаења и вештини и изведување практична настава на учениците од угостителско-туристичката струка. Се разбира, и простор за одржување на сите активности предвидени со Програмата за работа на Училиштето, како и одбележување на настани и прослави, организирање слободни ученички активности, одржувања семинари и сл.

Инаку, настанот за дисеминација на проектот: „Трендови во автомобилската индустрија“ се одржа по враќањето на 14. ученици од машинската струка, кои преку Еразмус- програмата престојуваа во повеќе градови во Германија заедно со нивните професори, каде што ги посетија тамошните сервиси за моторни возила и имаа можност да се запознаат со нови знаења, вештини и искуства. Притоа, овој настан беше збогатен и со културно-уметничка програма, кои можеа да ја проследат онлајн и сите претставници, партнери и соработници вкучени во Проектот.

Гевгелија

На Граничен премин Богородица фатени 387 штеки различни видови цигари и тутун

Avatar

Published

на

Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија, информира МВР.

При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово

Avatar

Published

на

На 23.08.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната. Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Позитивно решени над 5.300 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во Општина Гевгелија

Avatar

Published

на

На последната 29. седница, пред Советот на Општина Гевгелија се најде Информација за состојбата со постапување по барањата за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти во општина Гевгелија за периодот 4 март 2011 година – 30 јуни 2023 година. Според приложената информација, во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животна средина, заклучно со 2018 година, биле доставени 5.842 барања од граѓани за утврдување правен статус на бесправно- изградени објекти.

Согласно објавените Правилници за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко- планската документација, како и објавените Правилници за формата и содржината на Записникот за извршен увид, формата и содржината на урбанистичката согласност и формата и содржината на Решението за утврдување правен статус на бесправен објект објавени во „Службен весник на Република Македонија“, од страна на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина се пристапило кон разгледување и решавање на овие барања. Од вкупно поднесените 5842 барања за утврдување правен статус на бесправно- изградени објкети, 5.390 се позитивно решени, а 452 барања се во постапка на решавање. Законскиот рок за постапувања по барањата е до 3 март 2026 година.

Прочитај повеќе