Спорт

Меси го прифати најголемиот договор во историјата!

ЛИОНЕЛ МЕСИ ќе го напушти ПСЖ на 30 јуни, по две сезони во Париз. Се чини дека 35-годишниот Аргентинец кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, земјата во која пред половина година замина и Кристијано Роналдо.

Меси неодамна отпатува во Саудиска Арабија, но тврди дека не отишол да преговара за деталите од договорот, туку дека извршувал амбасадорска должност. Саудиски Ал Хилал му нуди 600 милиони евра по сезона, дури три пати повеќе отколку што Роналдо заработува во Ал Наср. 

Инсајдерот Санти Ауна за Footmercato пишува дека таткото на Меси Хорхе ја прифатил понудата од 1,2 милијарди евра од Саудијците и дека ќе ја добие и најголемата провизија во историјата на фудбалот.

„Првиот избор на Меси е секогаш да се врати во Барселона, но каталонскиот клуб не може да го доведе и тој се сврте кон Саудиска Арабија. Неговиот татко веќе ја прифатил понудата на Ал Хилал“, пренесува Ауна. 

Ал Хилал наводно исто така се согласил да го доведе Серхио Бускетс од Барселона, а исто така се обидува да го донесе и неговиот соиграч Жорди Алба. Францускиот новинар Мохамед Бухафси тврди дека Саудијците им ветиле на Меси и Марко Верати од ПСЖ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago