Спорт

Кошарка за секое дете – Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 10 до 14 години во Пробиштип Проект финансиран од компанијата „Булмак 2016“

„Кошарка за секое дете“ e проект кој им овозможува на момчиња и девојчиња од 10 до 14 години бесплатно да тренираат кошарка, да ги развиваат своите спортски вештини и да се подготвуваат за учество во младинските натпреварувања. Уписите се отворени до 30 октомври 2026 година. Проектот е на компанијата „Булмак 2016“  во соработка со градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.

Со цел проектот да биде достапен за сите, родителите ќе бидат ослободени од сите трошоци за учество. Со проектот ќе бидат обезбедени топки за кошарка и реквизити за работа, а за натпреварувачите во селекциите и кошаркарска опрема. Предвидено е момчињата и девојчињата да се натпреваруваат во категориите М12 и М14 во системот на Македонската кошаркарска федерација.

Програмата за работа ќе ја изработи младинскиот селектор Александар Јованчев, кој ќе го следи и тренажниот процес, како и неколку локални кошаркарски тренери, а за условите за работа во рамките на проектот ќе биде задолжен раководителот на флотација при компанијата Булмак 2016 и поранешен кошаркар Давор Тоневски.

Пробиштип располага со две кошаркарски сали со услови за тренинзи и за одржување младински натпревари и првенства. По завршувањето на уписите ќе се формираат групите и ќе се објават термините за тренинзи и натпревари.

Проектот е предвиден да трае четири години или еден олимписки циклус. Покрај учество и пласман во завршниците на турнирите во категориите М12 и М14, целта е да се создадат услови за развој на деца кои во иднина би можеле да станат репрезентативци и професионални кошаркари.

Со проектот „Кошарка за секое дете“, „Булмак 2016“ одбележува 10 години постоење и ја продолжува поддршката за спортот, по финансирањето и помошта за спортски турнири во текот на летото. Оваа соработка е дел од заложбата на компанијата за општествена одговорност и вложување во локалната заедница.

Ги повикуваме родителите на момчиња и девојчиња од 10 до 14 години да ги пријават своите деца до 30 октомври 2026 година.

За пријавување и дополнителни информации: Никола Пеншов (070/249-331) и Александар Бранковски (075/333-531)

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago