Connect with us

Радовиш

ОТВОРЕН ДЕН во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, за 9-тоодделенците, идни средношколци

Avatar

Published

на

Отворен ден во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш за сите ученици од Основните училишта кои го завршуваат основното образование и кои треба да се запишат во средно образование.  Денеска деветоодделенците имаа можност да се запознаат со образовните капацитети и насоиките кои ги нуди гимназијата во Радовиш.

Учениците задоволни според она што им беше презентирано во училиштето и поголемиот дел од нив велат дека нивниот избор ќе биде радовишката гимназија.

Во рамките на ПХВ програмата на Црвен крст- Промоција на хумани вредности, беше реализиран и заеднички проект со учениците од средното училиште, со цел промоција на еколошки вредности и регрутирање на млади волонтери. Беше извршено хортикултурно уредување на дворто во училиштето а денеска беше поставен заеднички шкаф за книги, во кој учениците ќе можат да остават книга во шкафот, но и да си земат книга за читање.

Радовиш

ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари

Avatar

Published

на

ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.

„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.

Локација: https://maps.app.goo.gl/2opj4o2YLMiuAsPC6

Прочитај повеќе

Радовиш

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица

Avatar

Published

на

Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.

Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе