Connect with us

Радовиш

Советот на Општина Радовиш одржа итна седница

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш  одржа итна седница на која според  образложението за итноста на оваа седница кое го објасни Претседателката на Советот Моника Трајанова, се работеше за донесување на одлуки за изведување на ученички екскурзии.  

На 29 седница, Советниците имаа можност да донесат одлука за давање согласност на Програма за изведување на еднодневни и тридневни екскурзии за учебната 2022/2023 година за учениците од 3-то и 9-то одделение при ООУ „Кирил и Методиј“ од Ораовица.

„Во доставеното барање за добивање согласност од страна на директорот на ООУ „Кирил и Методиј“ од Ораовица е образложено дека  задоцнетото доставување на програмите за изведување на екскурцзии за учебната 2022/2023 година, е поради тоа што училиштетото навремено има доставено барање за  добивање на позитивно мислење од страна на Бирото за образование, но поради  донесена одлука од страна на родителите на учениците од 6-то одделение за неизведување на екскурзии, училиштетото повторно доставува образложение за промена на барањето и поради тоа е закаснато потребата за донесување на одлука за давање на согласност од стана на Советото на Општина Радовиш во најкраток можен рок, од голема важност е поради краткиот временски рок во кој треба да се одржат екскурзиите до крајот на полугодието,“ појасни Трајанова, по што советниците едногласно ги изгласаа и двете одлуки.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Avatar

Published

на

„Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело -2023“ и  годинава ќе се одржи во Радовиш, во сабота на 3 јуни, а во чест на празникот Света Троица, кој некогаш бил празник на градот, а сега е празник на црковниот храм Света Троица.

ФА „Бучим“ од Радовиш, по 23 пат е организатор на фестивалот Оро Весело, на кој ќе учествуваат 12 фолклорни ансамбли од Македонија и 2 од соседните државо Србија и Бугарија.

На фестивласката вечер која ќе се одржи во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш со почеток од 19 часот, и претходи дефиле низ градот, прием кај градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, а во 18:30 часот децата ќе бримат благослов од свештените лица во црковниот храм Света Троица, по што ќе се одржи фестивалот, кој на некој начин веќе стана белег на Радовиш.

Домаќините ФА Бучим од Радовиш кои се организатори на „Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело“ ќе настапат со дечињата од школата за традиционален фолклор и две детски групи.

Инаку ФА Бучим во моментот брои околу 80 млади членови, а некогаш оваа бројка се движела околу 160 фолклористи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил

Avatar

Published

на

Во недела на 04 јуни со почеток во 11 часот во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил во машка и женска конкуренција.

Учество ќе земат борачи од сите борачки клубови од Македонија. Од БК Бучим од Радовиш како домаќини ги покануваат сите љубители на борењето не ја пропуштаат оваа спортска манифестација.

Прочитај повеќе

Радовиш

Младите одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш го освоија првото место на Државното првенство во одбојка

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на учениците, спортисти-одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш.

Повод за овој прием од страна на Градоначалникот беше освојувањето на првото место на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Градоначалникот Ацо Ристов и Претседателот на Советот Моника Трајанова им ги честитаа постигнатите успеси, со надеж дека истите ќе продолжат.

Градоначалникот Ристов рече дека е горд на младите спортисти што упешно го промовираат Радовиш како град и спортот во него и најави поддршка на клубот и во иднина.

Постигнатите успеси на овие наши млади одобојкари се под менторство на професор Симеон Џеков, која го формира клубот и активно ги подготвува младите одбојкари. За таа цел од пред речиси  една  година Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со мали измени за обележување на теренот и поставување мрежа, створи услови за  за тренирање на одбојкарите. Тие веќе извесен период забележуваат успеси за сега да станата прваци  на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Прочитај повеќе