Радовиш
Награда за иновативен проект „Електричен велосипед“ доби тимот од ученици од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш
Published
7 месеци agoна
By
Media PressУченици од СОУ „ Коста Сусинов“ од Радовиш добитници на награда за иновативен проект во вредност од 120 илјади денари, преточени во иновативни решенија за проектот. Учениците се горди на својата иновација и се надеваат дека ќе најде поширока примена во општеството и развојот на еколошката свест.

За својата идеја да ја преточат во пракса, околу техничкиот дел им помогнал професорот по стучни предмети од електротехничка струка Дејан Милчевски.
Имплементатор на прокетот е Здружението Лидери за едукација активизам и развој. Средношколски тимови од Радовиш, Кочани, Кичево, Битола и Кавадарци со поддршка на ментор, на тридневниот настан „UPSHIFT Bootcamp“ ги развиваа своите решенија за проблемите поврзани со производство и заштеда на енергија. На настанот за развој и поддршка на социјални иновации поврзани со енергијата во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) учествувале вкупно 10 средношколски тимови, меѓу кои и тимот од Радовиш.

Програмата е поддржана од УНИЦЕВ, од Фондот за иновации и технолошки развој и од Владата во Шведска. Станува збор за добро позната глобална програма која се реалзира во 30 земји.
СУ „Коста Сусинов“ се гордее со иновативноста на своите ученици и им благодари за добиената награда.
Поврзани содржини
Доделени дипломите на околу 140 матуранти во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, прогласен и ученик на генерацијата
Започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипед во Гевгелија
Има интерес кај учениците за упис во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, се пријавиле околу 130 ученици
ОТВОРЕН ДЕН во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, за 9-тоодделенците, идни средношколци
Со положување на свежо цвеќе и свечена акдемија, СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш го одбележа својот патронен празник
МОН го објави конкурсот, во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, во прва година ќе се запишат 288 ученици
Радовиш
Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш
Published
21 минута agoна
декември 11, 2023By
Media Press
Територијалната противпожарна единица од Радовиш доби ново противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување преку проектот на Центарот за развоја на Југоисточниот регион со Република Грција.
Денеска беше извршено примопредавање на клучевите од возилото, по што градоначалникот Ацо Ристов ги предаде на командирот на пожарната.

„Интенција на Општина Радовиш е континуирано опремување на противпожарната единица со нова и современа опрема, а со тоа и вршење на попрофесионални услуги за граѓаните“, рече градоначалникот Ристов, при примопредавањето на возилото.

Во рамките на овој проект радовишките пожарникари добија и дрон со термална камера за брзо откривање на пожари, за што имаа и соодветна обука.

Набавката на возилото и дроновите е во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.
Во рамките на опремувањето на ТППЕ на неколку локации во Радовиш и населените места се поставени противпожарни хидранти за полнење на вода на противпожарните возила, при било каква интервенција да можа да наполнат вода од најблискиот хидрант.


Радовиш
Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш
Published
2 часа agoна
декември 11, 2023By
Media Press
Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш. Во рамки на активности од Проектот за еко-системско базирано намалување на ризици од катастрофи во Македонија (ЕКО-НРК), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), денес во општина Радовиш беа предадени изработени карти за опасности од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од 100-годишни води, собирање на податоци од теренско истражување, идентификување на опасни подрачја и потврда на локалната состојба.

Картите за опаност се визуелна претстава и пренесување на знаење кое се применува секојдневно во Јапонија. Картата за опасност содржи графички и текстуални насоки за хоризонтална и вертикална евакуација во случај на поплави предизвикани од поројни врнежи на дожд, критични точки, фотографии од претходни поплави како и локации за евакуација во секоја урбана заедница. Содржината на картите за опасност беа презентирани и усвојувани на претходно одржани работилницата со претставници на локалните и државни институции на подрачјето на опшитна Радовиш, претставници од урбаните заедници, невладините организации, група на граѓани од ранливи категории и сл.

Според предвидениот обем изработени се 50 карти на опасности за претставниците на локалните и државни институции, поставени се шест (6) табли од информативен карактер за жителите и посетителите на Радовиш. Со цел поширока распространетост на оваа карта на опасност, односно овој материјал со информациите за евакуација да пристигнат во секој дом, изработени се три илјади (3.000) џебни брошури кои ќе се разделат преку образовните институции до граѓаните како крајните корисници.
Во прилог е видео материјал (https://www.youtube.com/watch?v=-hiG1xiUW_M) од изведените заштитни работи од полави во горниот тек на Радовишка река, со примена на градежни активности од помал обем, пошумување на садници и користење еко-мерки за зголемување на заштитната функција на шумите.
Радовиш
Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
Published
4 дена agoна
декември 7, 2023By
Media Press
ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со Здружението на пензионери на Општините Радовиш и Конче.
Двете страни потписнички, грижејќи се за здравјето на пензионерите се согласија за спорведување на повеќе бесплатни прегледи во следната 2024 година:
Согласно меморандумот се обезбедува 4 пати во годината вршење на бесплатни прегледи, како мерење на шеќер и крвен притисок во Клубот на пензионерите во Радовиш и еднаш во годината во четирите ограноци во население места.
Во 2024 година еднаш годишно се одобрува бесплатни прегледи кај доктор по очни болести за мерење на очен притисок и консултација со лекарот.
Потоа се обезбедува и превентивни прегледи кај доктор специјалист невролог со цел спречување на мозочни удари и третман на компликација кон истите, оваа ставка се предвидува да се изврши трипати годишно во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.
Се обезбедува и прегледи кај доктор специјалист по уво нос и грло три пати во годината.
Согласно меморандумот се обезбедува и обука во центарот за дијабетис за сите пензионери дијабетичари од страна на медицинско лице.
И до крајот на месец декември годинава се обезбедува бесплатна крвана слика ПС за мажи.
Вчера Здравствен дом Радовиш успешно ја спроведе активноста,, Здравје за сите“, со граѓаните на Општина Конче, за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните во Конче, без да патуваат во Радовиш.


Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
