Uncategorized
6-та Поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“ се одржува во Радовиш
Published
2 недели agoна
By
Media PressШестата по ред Поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“ и годинава се одржува во Радовиш.

Манифестацијата се одржа во ЦК „Ацо Караманов“ со воведно обраќање на Ксенија Маказлиева Трајчева, а свечено беше отворена од директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш, Гордана Здравкоска. Професори, наставници, поети и други гости беа дел од настанот, а присутен беше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.
Во рамките на Манифестациата се одржа еднодневно советување на тема Талентираните и надарени деца предизвик за современото воспитание и образование на кое свое излагање имаа Проф.д-р Снежана Мирасчиева и Проф. Д-р Кирил Барбареев од УГД Штип, и проф. Д-р Лена Дамовска од УКИМ Скопје.
Дводневната манифестација ќе продолжи и утре со свечено додлеување на наградите по распишаниот конкурс.
Uncategorized
Приведени тројца крадци од Радовиш, фатени на дело
Published
5 месеци agoна
јануари 18, 2023By
Media Press
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела.
Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Зонското паркирање во Радовиш започна да функционира и во пракса, се испраќаат првите пораки за платено паркирање
Published
9 месеци agoна
септември 21, 2022By
Media Press
Зонското паркирање во Радовиш започна да функционира и во пракса. Веќе се испраќаат и првите пораки за платено паркирање за еден час. Како што вели раководителот на Паркинзи во ЈП Плаваја – Радовиш Станојче Миленков, за два дена се поднесени над 200 барања за обезбедување на месечен паркинг од страна на станари кои немаат услови за сопствено паркинг мести како и од вработени кои работат во опфатот на зоната на паркирање.

Барање за месечен паркинг че може да поднесуваат и граѓаните кои што живеат во странство, кога ќе си доаѓаат на одмор, а нивниот дом е во опфатот на зонското паркирање.
До крајот на овој месец ќе има одредена толеранција и разбирање кон граѓаните но од месец октомври зонското паркирање ќе функционира како што треба согласно законот.
Uncategorized
ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција
Published
1 година agoна
мај 19, 2022By
Media Press
Делегација од Турција денеска беше во посета на Општина Радовиш. Поводот беше потпишување на договор за збратимување помеѓу ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и училиштето од Ташкопру, Општина Јалова од Турција.
Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов изврши прием на турската делегација при што беше потпишано збратимувањето на двете училишта со цел за идна соработка во областа на образованието. Градоначалникот Ристов рече дека се надева од оваа соработка со размена на искуства ќе се постигне заедничката цел за подобро образование.

Директорото на училиштето одТашкопру, Абдулах Далгич рече дека во Радовиш се чувствуваат како дома поради топлиот пречек и се радува што нивното долгогодишно пријателство сега е и официјално.

Доректорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова и посака добредојде на делегацијата од Турција со која како што рече веќе имаат долга соработка која од сега ќе биде и официјална со потпишување на збратимувањето. Таа додаде дека и во иднина треба да учат едни од други и да се надоградуват.

На крајот Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и турската делегација си разменија пригодни подароци пренесувајќи топли поздрави од градоначалникот на турската општина Јалова.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче

МНР: Стапуваа на сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил
