Connect with us

Uncategorized

Приведени тројца крадци од Радовиш, фатени на дело

Avatar

Published

на

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела.

Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Uncategorized

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Avatar

Published

на

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш со пригодна свеченост ја одбележа 66 годишнината од основањето и постоењето.

 На свеченоста, со музичка содржина свој придонес дадоа членови на музичката секција при ООУ ,,Крсте Петков Мисирков” од Радовиш предводени од професор Александар Ицов а со сценски драмски приказ насловен како ,,Т’га за југ” се претстави и драмската секција при истото училиште под менторство на професор Томе Постолов.

За соработка и подршка на библиотеката во текот на 2023 година благодарници им беа доделени на: Oпштина Радовиш, ООУ ,,Крсте П. Мисирков”, Образовниот центар ,,Едуко”, Детската градинка ,,Ацо Караманов” и ТВ ,,Кобра”.

Благодарници за соработка и придонес во активностите на библиотеката беа доделени и на тројца професори и тоа: Томе Постолов, Александар Ицов и Јовица Илиќ.

За најдобри читатели за 2023 година прогласени беа: Нада Шлукарова за највозрасен читател, Лила Кукутанова за најактивен читател, Викторија Митева за најдобар млад читател и Срна Ценева за најмлад детски читател.

Прочитај повеќе

Uncategorized

6-та Поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“ се одржува во Радовиш

Avatar

Published

на

Шестата по ред Поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“ и годинава се одржува во Радовиш.

Манифестацијата се одржа во ЦК „Ацо Караманов“ со воведно обраќање на Ксенија Маказлиева Трајчева, а свечено беше отворена од директорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш, Гордана Здравкоска. Професори, наставници, поети и други гости беа дел од настанот, а присутен беше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

Во рамките на Манифестациата се одржа еднодневно советување на тема Талентираните и надарени деца предизвик за современото воспитание и образование на кое свое излагање имаа Проф.д-р Снежана Мирасчиева  и Проф. Д-р Кирил Барбареев од УГД Штип, и проф. Д-р Лена Дамовска од УКИМ Скопје.

Дводневната манифестација ќе продолжи и утре со свечено додлеување на наградите по распишаниот конкурс.

Прочитај повеќе

Uncategorized

Зонското паркирање во Радовиш започна да функционира и во пракса, се испраќаат првите пораки за платено паркирање

Avatar

Published

на

Зонското паркирање во Радовиш започна да функционира и во пракса. Веќе се испраќаат и првите пораки за платено паркирање за еден час. Како што вели раководителот на Паркинзи во ЈП Плаваја – Радовиш Станојче Миленков, за два дена се поднесени над 200 барања за обезбедување на месечен паркинг од страна на станари кои немаат услови за сопствено паркинг мести како и од вработени кои работат во опфатот на зоната на паркирање.

Барање за месечен паркинг че може да поднесуваат и граѓаните кои што живеат во странство, кога ќе си доаѓаат на одмор, а нивниот дом е во опфатот на зонското паркирање.

До крајот на овој месец ќе има одредена толеранција и разбирање кон граѓаните но од месец октомври зонското паркирање ќе функционира како што треба согласно законот.

Прочитај повеќе