Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш објавува Јавен оглас за работно ангажирање на лица кои ќе вршат достава на решенија за данок на имот

Avatar

Published

на

Согласно Законот за даноците на имот на РСМ и Законот за општата управна постапка (Сл.весник на Р. Македонија бр.124 од 23.07.2015 година член 80) Општина Радовиш објавува Јавен оглас за работно ангажирање на лица кои ќе вршат достава на решенија за данок на имот до граѓаните на Општина Радовиш. Работното ангажирање ќе биде во периодот од мај до септември и ќе се добива надоместок по учинок.

Кандидатите треба да достават барање, копија од документ за идентификација и телефон за контакт.

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 7 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 25.05.2023 година (четврток).

Барањата може да се достават во просториите на Општина Радовиш бул. А.Македонски бр.7 соба бр.8 Одделение за даноци, такси и надоместоци или на е-маил адреса danocno@radovis.gov.mk

Радовиш

42 – годишно лице од радовишко извршил обљуба врз неговата поранешна сопруга

Avatar

Published

на

„На 10.06.2024 во 17.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Н.(42) од радовишко село, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата поранешна сопруга. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш, домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ

Avatar

Published

на

СОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска беше домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ, кое има натпреварувачки карактер и за прв пат се одржува во Радовиш.

Околу 1500 ученици од 45 училишта од Република Македонија денеска ги претставија своите програми и своите вештини и квалитети. Настанот го отвори директорот Миле Арсов, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

Радовиш денеска вриеше од ученици и наставници, како во средното училиште така и по улиците, како и во Музејот на лубовта и уметноста и библиотеката Браќа Миладиновци.

Прочитај повеќе

Радовиш

Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир

Avatar

Published

на

Физичка пресметка на улица во Радовиш во која учествувале и двајца малолетници.

На 09.05.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20), М.Т.(19) и двајца малолетници, сите од село Ињево, радовишко, од една страна и А.К.(35) од Радовиш, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе