Радовиш
Граѓаните да достават е-маил за електронска достава на решенија, остануваат и хертиените
Published
11 месеци agoна
By
Media PressОпштина Радовиш ќе започне со електронска достава на решенија за данок на имот, поради што ги повикува граѓаните да достават е-маил адреса на која сакат во иднина да ги добиваат Решенијата.
Не станува збор за зголемување на данокот на имот ниту дека целосно ќе се прекине со достава на хартиени решенија на домашна адреса рече градоначалникот Ацо Ристов во денешната изјава околу оваа новина која ги загрижи граѓаните.
Податоците (име и презиме, матичен број и е-маил) треба да се достават е-маил danocno@radovis.gov.mk, Градоначалникот Ристов вели дека дека граѓаните нема потреба да се грижат за своите податоци, тие ќе останат заштитени.
Градоначалникот уште еднаш потенцира дека нема да има зголемување на данокот на имот туку реално запишување на имотот за сите граѓани според податоците од катастар и тоа ќе се прави на ниво на цела држава.
Поврзани содржини
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Градоначалникот Ацо Ристов учествуваше на конститутивна седница на Националниот совет за развој
Градоначалникот Ристов уште еднаш појасни за што би се користела Стоковната куќа во Радовиш
Граѓаните да ги подмират обврските по основ на комунална такса и данок на имот кон Општина Радовиш
Општина Радовиш објави JАВЕН КОНКУРС за доделување на Шестоноемвриски признанија и плакети за 2023 година
Општина Радовиш започна со поправање, фарбање и подновување на урбаната опрема во градот
Радовиш
Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право
Published
14 часа agoна
април 25, 2024By
Media PressОпштинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.
Одбележувањето беше со објавување на резултатите од традиционалниот награден конкурс за ученици од основно образование на тема: ,,Книгата и знаењето – цел универзум” што библиотеката го распиша по повод овој Меѓународен ден.
Во рамките на ова, за најдобра песна беше прогласена творбата на ученичката Јована Ѓоргиева од ПОУ ,,Орце Николов” од село Злеово. За второ наградена песна беше песната на ученикот Ѓорге Газепов од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” од Радовиш. а третопласирана беше творбата на ученичката Данче Митковска од ООУ ,,Коста Рацин”- од село Подареш.
На останатите учесници на конкурсот како и на менторите на учениците, им беа доделени признанија за учество на конкурсот.
Радовиш
ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник
Published
19 часа agoна
април 25, 2024By
Media PressОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.
Радовиш
Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село
Published
21 час agoна
април 25, 2024By
Media PressНа 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.
На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.