Радовиш
Во градинката во Радовиш се одржа обука на тема: ,,Градење на капацитетите на негователите во предучилишните установи,,
Published
7 месеци agoна
By
Media PressВо Детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш во саботата се одржа дисеминациска обука на тема: ,,Градење на капацитетите на негователите во предучилишните установи,, на која што учествуваа 30-тина негователи од градинките од Радовиш, Конче, Ново Село и Василево.

Директорката на градинката Кристини Бехлимова Трајкова рече дека обуката ќе се спроведе од страна на обучени негуватели од градинката а главен акцент на предавањето ќе биде дадено на социо – емоционалното учење и важноста на раното учење и развој на децата.

Обуката беше спроведена од негователи дисеминатори Снежана Костадинова ,Наталија Филипова со поддршка од мастер воспитувач Верче Мијалова/воспитувач за колегијална поддршка и Јасмина Трајанова воспитувач од професионални заедници!
Негувателките беа облечени во маички во ралични бои, секоја со свое значење, црвена, жолта, зелена и плава, за што детално објасни каква порака праќаат мастер воспитувач Верче Мијалова
Целта на обуката е подобрување на компетенциите на негователите, зацврстување на професионалните заедници, со една и единствена цел, добра стимулативна средина за работа во градинките со вработените и децата.
Организатор на обуката е ЕДУЛЕНД во соработка цо ЦСР, финасиски подржано од УНИЦЕВ а во соработка со ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш.
Поврзани содржини
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Одржана првата обука во Црвен крст Радовиш за регрутирање на млади волонтери
ОБУКА за подготовка на родово – сензитивни програми на Општина Гевгелија
Радовишките пожарникари учествуваа во обука за давање на прва помош одржана од НАТО контингентот во Македонија
Трета ЦКА-ПХВ обука во Црвен крст Радовиш
Цевен крст, Радовиш ќе организира обука по Прва помош за правни субјекти
Радовиш
Реконструкција и санација на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Започна реконструкцијата и санацијата на плафонот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, каде се одржуваат сите културни манифестации од општината и други јавни собири.

Градоначалникот Ацо Ристов, кој изврши увид во работните активности рече дека наредната година целосно ќе се реконструира внатрешноста на овој дом со комплетно ентериерно уредување, бидејќи како што рече радовишани се емоционално поврзани со овој дом и затоа ќе се реконструира но ќе ја задржи автентичноста.

Плафонот на ЦК „Ацо Караманов“ се реконструира со средства обезбедени од донација од рудникот Бучим.
Радовиш
Жител нa село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Жител нс село Дедино бил физички нападнат од едно лице од село Конче и случајот бил пријавен во Полициска станица Радовиш од трето лице.
Имено вчера во Полициската станица Радовиш, В.К. од село Дедино, општина Конче, пријавил дека на 26.11.2023 околу 22.00 часот во село Дедино И.Ј. од село Дедино бил физички нападнат од С.Ѓ. од село Конче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот информира СВР Струмица, ОВР Радовиш.
Радовиш
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во библиотеката во Радовиш
Published
5 дена agoна
ноември 27, 2023By
Media Press
Јавна регионална дебата „Креирање инклузивна локална средина“ ќе се одржи утре во ОНБ Браќа Миладиновци“ во Радовиш, а во организација на Општина Радовиш и Здружението „Отворете ги прозорците“.
Ова е дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ подржан од „Детската Фондација Песталоци“.
Целта на оваа дебата е претставници од различни институции од областа на образование и социјална заштита, локални самоуправи, организации, сервисни служби, родители и бизнис заедницата, заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање поинклузивни практитки и можности за секое дете.
На Јавната дебата покрај Општина Радовиш учество ќе земат и училишта и претставници од локалните самоуправи од општините Радовиш и Конче.
Јавната дебата ќе започне со почеток во 12 часот и ќе трае до 14 часот.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
