Connect with us

Радовиш

Пријава за физички напад во село Тополница

Avatar

Published

на

На 07.05.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Радовиш, М.М.(27) од село Тополница, радовишко, пријавила дека околу 17.40 часот во село Тополница била физички нападната од Ф.У. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Радовиш

Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш

Avatar

Published

на

Територијалната противпожарна единица од Радовиш доби ново противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување преку проектот на Центарот за развоја на Југоисточниот регион со Република Грција.

Денеска беше извршено примопредавање на клучевите од возилото, по што градоначалникот Ацо Ристов ги предаде на командирот на пожарната.

„Интенција на Општина Радовиш е континуирано опремување на противпожарната единица со нова и современа опрема, а со тоа и вршење на попрофесионални услуги за граѓаните“, рече градоначалникот Ристов, при примопредавањето на возилото.

Во рамките на овој проект радовишките пожарникари добија и дрон со термална камера за брзо откривање на пожари, за што имаа и соодветна обука.

Набавката на возилото и дроновите е во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.

Во рамките на опремувањето на ТППЕ на неколку локации во Радовиш и населените места се поставени противпожарни хидранти за полнење на вода на противпожарните возила, при било каква интервенција да можа да наполнат вода од најблискиот хидрант.  

Прочитај повеќе

Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Avatar

Published

на

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш. Во рамки на активности од Проектот за еко-системско базирано намалување на ризици од катастрофи во Македонија (ЕКО-НРК), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), денес во општина Радовиш беа предадени изработени карти за опасности од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од 100-годишни води, собирање на податоци од теренско истражување, идентификување на опасни подрачја и потврда на локалната состојба.

Картите за опаност се визуелна претстава и пренесување на знаење кое се применува секојдневно во Јапонија. Картата за опасност содржи графички и текстуални насоки за хоризонтална и вертикална евакуација во случај на поплави предизвикани од поројни врнежи на дожд, критични точки, фотографии од претходни поплави како и локации за евакуација во секоја урбана заедница. Содржината на картите за опасност беа презентирани и усвојувани на претходно одржани работилницата со претставници на локалните и државни институции на подрачјето на опшитна Радовиш, претставници од урбаните заедници, невладините организации, група на граѓани од ранливи категории и сл.

Според предвидениот обем изработени се 50 карти на опасности за претставниците на локалните и државни институции, поставени се шест (6) табли од информативен карактер за жителите и посетителите на Радовиш. Со цел поширока распространетост на оваа карта на опасност, односно овој материјал со информациите за евакуација да пристигнат во секој дом, изработени се три илјади (3.000) џебни брошури кои ќе се разделат преку образовните институции до граѓаните како крајните корисници.

Во прилог е видео материјал (https://www.youtube.com/watch?v=-hiG1xiUW_M) од изведените заштитни работи од полави во горниот тек на Радовишка река, со примена на градежни активности од помал обем, пошумување на садници и користење еко-мерки за зголемување на заштитната функција на шумите.

Прочитај повеќе

Радовиш

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите

Avatar

Published

на

ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со Здружението на пензионери на Општините Радовиш и Конче.

Двете страни потписнички, грижејќи се за здравјето на пензионерите  се согласија за спорведување на повеќе бесплатни прегледи во следната 2024 година:

Согласно меморандумот се обезбедува 4 пати во годината вршење на бесплатни прегледи, како мерење на шеќер и крвен притисок во Клубот на пензионерите во Радовиш и еднаш во годината во четирите ограноци во население места.

 Во 2024 година еднаш годишно се одобрува бесплатни прегледи кај доктор по очни болести за мерење на очен притисок и консултација со лекарот.

Потоа се обезбедува и превентивни прегледи кај доктор специјалист невролог со цел спречување на мозочни удари и третман на компликација кон истите, оваа ставка се предвидува да се изврши трипати годишно во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.

Се обезбедува и прегледи кај доктор специјалист по уво нос и грло три пати во годината.

Согласно меморандумот се обезбедува и обука во центарот за дијабетис за сите пензионери дијабетичари од страна на медицинско лице.

И до крајот на месец декември годинава се обезбедува бесплатна крвана слика ПС за мажи.

Вчера Здравствен дом Радовиш успешно ја спроведе активноста,, Здравје за сите“, со граѓаните на Општина Конче, за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните во Конче, без да патуваат во Радовиш.

Прочитај повеќе