Connect with us

Радовиш

Во Радовиш, Меморијален турнир во мал фудбал и положено свежо цвеќе во чест на загинатите херои во конфликтот 2001

Avatar

Published

на

ОВР Радовиш и годинава го организира Меморијалниот турнир во мал фудбал „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ“ во чест на тројцата загинати бранители кои потекнуваат од општина Радовиш, Готак, Соколов и Крстев.

Во нивна чест а воедно и одбележувајки го денот на Македонската полиција потпомогнати од Градоначалникот на општина Радовиш и Македонскиот Полициски Синдикат а во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  во саботата најпрво беше положено свежо цвеќе на споменикот на бранителите, пред влез на ОВР Радовиш.

Цвеќе положија делегација од МВР предводена од министерот Оливер Спасовски.  Членови на семејствата на загинатите, семејството на Ерол Готак, семејството на  Сашко Соколов и семејството на Коце Крстев.

Дечегација од Министерството за труд и социјална политика предводена од заменик министерот Енвер Хусеин, делегација од општина Радовиш предводена од градоначалникот Ацо Ристов, Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, делегација од СВР Струмица, Делегација од Македонскиот полициски синдикат. Делегација од дружението на бранителите, и делегација од ОВР Радовиш.

Меморијалниот фудбалски турнир во чест на загинатите херои во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш го отвори Министерот Спасовски.

„Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност која што не зближува едни со други, која што ја дава онаа важна нитка на благородна почит што им помага на спомените да останат – бесмртни. Овој меморијален турнир ја има токму таквата возвишена цел: повторно да не собере, и сите заедно да се присетиме на ликот и делата на луѓето што некогаш беа со нас, се радуваa и тагуваа заедно со нас, кои храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината -нашите другари, соборци и колеги Ерол, Сашко и Коце”, истакна министерот Спасовски.

По завршувањето на турнирот следуваше доделување плаќети на семејства, пехари за освоени места на екипите, признанија и благодарници.

Радовиш

Викендов, во Радовиш ќе се одржи МДФФ „ОРО ВЕСЕЛО“

Avatar

Published

на

„Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело -2023“ и  годинава ќе се одржи во Радовиш, во сабота на 3 јуни, а во чест на празникот Света Троица, кој некогаш бил празник на градот, а сега е празник на црковниот храм Света Троица.

ФА „Бучим“ од Радовиш, по 23 пат е организатор на фестивалот Оро Весело, на кој ќе учествуваат 12 фолклорни ансамбли од Македонија и 2 од соседните државо Србија и Бугарија.

На фестивласката вечер која ќе се одржи во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш со почеток од 19 часот, и претходи дефиле низ градот, прием кај градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов, а во 18:30 часот децата ќе бримат благослов од свештените лица во црковниот храм Света Троица, по што ќе се одржи фестивалот, кој на некој начин веќе стана белег на Радовиш.

Домаќините ФА Бучим од Радовиш кои се организатори на „Меѓународниот детски фолклорен фестивал Оро Весело“ ќе настапат со дечињата од школата за традиционален фолклор и две детски групи.

Инаку ФА Бучим во моментот брои околу 80 млади членови, а некогаш оваа бројка се движела околу 160 фолклористи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во недела во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил

Avatar

Published

на

Во недела на 04 јуни со почеток во 11 часот во СРЦ „25-ти Мај“ во Радовиш ќе се одржи Државно првенство за кадети У20 во борење слободен стил во машка и женска конкуренција.

Учество ќе земат борачи од сите борачки клубови од Македонија. Од БК Бучим од Радовиш како домаќини ги покануваат сите љубители на борењето не ја пропуштаат оваа спортска манифестација.

Прочитај повеќе

Радовиш

Младите одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш го освоија првото место на Државното првенство во одбојка

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на учениците, спортисти-одбојкари од ООУ „Коста Рацин“ од Подареш.

Повод за овој прием од страна на Градоначалникот беше освојувањето на првото место на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Градоначалникот Ацо Ристов и Претседателот на Советот Моника Трајанова им ги честитаа постигнатите успеси, со надеж дека истите ќе продолжат.

Градоначалникот Ристов рече дека е горд на младите спортисти што упешно го промовираат Радовиш како град и спортот во него и најави поддршка на клубот и во иднина.

Постигнатите успеси на овие наши млади одобојкари се под менторство на професор Симеон Џеков, која го формира клубот и активно ги подготвува младите одбојкари. За таа цел од пред речиси  една  година Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со мали измени за обележување на теренот и поставување мрежа, створи услови за  за тренирање на одбојкарите. Тие веќе извесен период забележуваат успеси за сега да станата прваци  на Државното првенство во одбојка – Мали олимписки игри, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија.

Прочитај повеќе