Connect with us

Радовиш

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против жител на с. Јаргулица за поседување оружје без дозвола

Avatar

Published

на

Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против К.К. од с.Јаргулица, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При извршена контрола на патничко моторно возило „Лада“ од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш и Полициска станица Радовиш, во кое како сопатник се превезувал пријавениот била пронајдена ловна пушка „застава“, кал. 16 мм, за која пријавениот кажал дека е негова сопственост, но пријавениот не покажал соодветна документација за истата.

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе