Connect with us

Економија

Субвенции од 20.000 денари за ПВЦ прозорци, 15.000 денари за топлински пумпи и 80.000 денари за фотонапонски централи во домаќинствата, најави Владата

Avatar

Published

на

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за четири јавни повици кои ги објави Министерството за економија од Програмите за поддршка на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Министерството за економија годинава првпат ќе дава субвенции до 80.000 денари за вградување фотонапонски електроцентрали во домаќинствата, субвенции за ПВЦ-прозорци до 20.000 денари за домаќинство и за сончеви колектори до 15.000 денари. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека буџетот за оваа намена годинава не е скратен, туку напротив, зголемен е и изнесува вкупно 70 милиони денари.

„За надомест на дел од трошоците за купени или вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година предвидени се вкупно 25 милиони денари за над 1.200 домаќинства во државата. Со цел да ја подобрат енергетската ефикасност на објектите, на лицата што ќе купат или вградат ПВЦ-прозорци ќе им обезбедиме поврат на средства до 50 % од трошокот, но не повеќе од 20 илјади денари од домаќинство. За вградување сончеви термални колекторски системи предвидени се 15 милиони денари за над 1000 домаќинства. Кофинансирањето е до 30 %, но не повеќе од 15 илјади денари од домаќинство. Третата мерка е надоместување трошоци на дел од трошоците за купување и инсталирање фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 киловати во согласност со новата одлука што ја донесе Министерството за економија во делот на зголемување на капацитетот на инсталирана можност во секое домаќинство. Тука се предвидени 30 милиони денари и ќе опфати над 400 домаќинства како мерка што првпат се спроведува во нашата држава. Повратот ќе биде до 30 %, но не повеќе од 80.000 денари“, рече министерот Бектеши.

Дополнително на тоа, министерот Бектеши потсети дека во согласност со новиот правилник и другите законски акти обврска на универзалниот снабдувач на електрична енергија е да го преземе произведениот вишок енергија од домаќинствата, да им ја плати произведената енергија или да им ја надомести на оние што ќе се одлучат за вакви инвестиции.

За Струмица и за Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, предвидени се субвенции за приклучок на мрежата во висина од 70 % од трошокот, но не повеќе од 25.000 денари.

Министерството за економија до крајот на мај за стопанството ќе ги кофинансира сите инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби или за производниот процес и ќе покрива 20 % од трошокот. Целта на оваа мерка е да се намали потрошувачката на енергија од универзалниот снабдувач, кој се снабдува од ЕСМ.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе