Connect with us

Гевгелија

Гевгелија, започна со втората фаза од спроведувањето на Проектот за селекција на отпад, поделени 2.096 канти и 56 контејнери

Media Press

Објавено на

JПКД „Комуналец“- Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија, започна со втората фаза од спроведувањето на Проектот за селекција на отпад во општината. Вчера, во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија дистрибуираа 2.096 канти и 56 контејнери на домаќинствата во Гевгелија за селекција на комуналниот отпад. Садовите се бесплатни и исклучиво наменети за одлагање на сува хартија, пластика и лименки.

– Минатата година, заедно со ЈПКД „Комуналец“ започнавме со селектирано третирање на комуналниот отпад од домаќинствата и правните лица. На овој начин се овозможува поквалитетно управување со отпадот, а со тоа и поздрава и почиста животна средина. Досега, праксата, покажа дека резулатите од селекцијата се успешни и гевгеличани се подготвени за правилно управување и селектирање на отпадот. Со ваквата постапка градиме едно повисоко ниво во делот на заштитата на животната средина, истакна градоначалникот Сарамандов.

Во првата фаза од реализацијата на Проектот за селектирање на комунален отпад, беа опфатени само дел од домаќинства, додека годинава следи испорака на поголема количина, како задомаќинства, така и за правни лица. Целта на употребата на „втор сад“ за комунален отпад е со примарна селекција на наведениот домаќински комунален отпад, да се намалат количините за транспорт на истиот до Времената депонија. Селектираниот отпад од жолтите канти се собира одделно од неселектираниот комунален отпад, а динамиката за подигање на овој тип отпад навремено се најавува од страна на ЈПКД „Комуналец“.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе