Connect with us

Радовиш

ОБЈАВА за давање под закуп на недвижни ствари – простории во СРЦ „25 МАЈ“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и член 57 – а од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост, Одлука за давање на недвижна ствар под закуп на УО на ЈПССО “Радовиш-2014” бр.08-39/20 од 03.05.2022 година и Заклучокот за усвојување на Предлог за начин на давање на простории под закуп во СРЦ “25 Мај” донесен на Советот на Општина Радовиш бр. 08-836/1 на 03.05.2022 год., ЈПССО “Радовиш-2014”, објавува:

                          О Б Ј А В А  БРОЈ 03/2023

                   ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ – ПРОСТОРИИ

  1. ПРЕДМЕТ НА ДАВАЊЕ ПО ЗАКУП

Предмет на оваа објава е издавање под закуп на недвижни ствари – простории, делови од објектот СРЦ „25 Мај“ кој се наоѓа на  ул. „ 8-ми Септември “ бр. 2, преку прибирање на затворените писмени понуди – по претходно донесен Заклучок на Совет на Општина Радовиш и одлука на УО на ЈП Радовиш бр.08-39/22.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на доставување на затворени понуди имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

На јавната објава можат да учествуваат правни и физички лица коишто немаат никакви обврски спрема ЈПССО “Радовиш-2014” по било кој основ, како и други нерасчистени должничко – доверителски односи

Понудувачот може да поднесе понуда/пријава за учество, само за една недвижна ствар – просторија кој е предмет на закуп.

3.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1.Писмена понуда – конкретно за која просторија се работи, со цена за закупнина на недвижната ствар – просторија, повисока или иста со утврдената минимална месечна закупнина во денари.

2.За трговски друштва :

-Доказ за регистрирана дејност и Решение од Централен  регистар

3.За Здруженија на граѓани

-Решение од Централен регистар (не постаро од шест месеци)

4.За физички лица копија од лична карта или патан исправа.

5.Уплатница за депониран износ за учество на огласот – 5% од најниската месечна закупнина во денари

6.Изјава за непостоење на нерасчистени должничко доверителски односи по било кој основ со ЈПССО “Радовиш-2014”

  1. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Потребните документи се доставуваат во седиштето на ЈПССО „Радовиш 2014“ во затворен плик со назнака: „За јавна објава за издавање под закуп “

Рокот за поднесување на документите е 7 работни дена започнувајки од 04.04.2023 год. (Вторник) заклучно со 12.04.2023 година (Среда).

Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

  1. ПОСТАПКА И КРИТЕРИУМ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП

Постапката за давање под закуп на недвижни ствари – простории во СРЦ „25 Мај“ по пат на прибирање на затворени писмени понуди, ја спроведува Комисија за постапка за прибирање на понуди по распишана јавна објава.

Комисијата има задача во рок од 5 (пет) дена од завршувањето на јавната објава да ги отвори и разгледа сите пристигнати понуди со приложените документи за давање на простории под закуп во СРЦ „25 Мај“ и да утврди дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата да состави.

Комисијата составува Записник со листа на физички и правни лица, трговски друштва кои доставиле понуди за конкретна просторија.

Комисијата е должна да ги извести сите учесници за спроведената постапка.

На подносителите кои не доставиле комплетна документација, Комисијата им доставува известување со образложение дека не се прифатени нивните понуди.

На избраните и неизбраните понудувачи им доставува известување за понатамошната постапка.

За најповолен понудувач се смета учесникот кој што понудил цена која што претставува највисока цена за закупнина на конкретната просторија.

Учесниците кои не се избрани имаат право на приговор само по однос на постапката за давање под закуп на недвижните ствари – простории во рок од 3 (три) дена од добиеното Известување.

Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 (пет) дена од приемот на приговорот

Записникот со листа на физички и правни лица се доставува до Управниот одбор и Директорот на ЈПССО “Радовиш-2014” за понатамошна постапка.

Во рок од 15 (петнаесет) работни дена од завршувањето на постапката за прибирање на затворени понуди, Директорот на ЈПССО “Радовиш-2014” со најповолните понудувачи склучува Договор за закуп на недвижната ствар.

Согласно одредбите од Законот за облигациони односи Договорот ќе ги содржи основните елементи: страни на договорот, предмет на договорот, податоци за недвижната ствар-просторија која е предмет на закуп, права и обврски на договорните страни, услови за користење на надвижната ствар – просторија и др.

По склучување на договорот понудувачот, а подоцна во својство на закупец рок од 30 дена истиот го доставува кај Нотар заради вршење на солемнизација. Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на закупопримачот.

Забелешка: Подетални информации поврзани за постапката и предметот на закуп можат да се добијат во просториите на ЈПССО Радовиш-2014”.

  1. ОБЈЕКТИ – ПРОСТОРИИ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП КОИ СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА СПОРТОТ

Согласно донесените Категоризација и Тарифник за користење на просториите и деловите од објектите за спорт во СРЦ „25 Мај“ кои се во функција на спортот, за давање под закуп се објавуваат следните простории:

р.б.Податоци за објектот/просторијатаНајниска месечна закупнина
1.Влез 1 просторија со реден бр.14 со внатрешна површина од 27.93м21.745 ден
2.Влез 5 кат2 со реден бр.4 со внатрешна површина 35,56м2Влез 5 со реден бр.14 со внатрешна површина од 13 м22.222 ден812 ден
  1. ОБЈЕКТИ – ПРОСТОРИИ ЗА ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП КОИ НЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА СПОРТОТ

Согласно донесените Категоризација и Тарифник за користење на просториите и деловите од објектите за спорт во СРЦ „25 Мај“ кои не се во функција на спортот, за давање под закуп се објавуваат следните простории:

р.б.Податоци за објектот/просторијатаНајниска месечна закупнина
1.влез 1 просторија со реден бр. 3 со внатрешна површина од 18 м21.125 ден.
2.влез 1 просторија со реден бр.7,6,8,9 со внатрешна површина од 39.03м22.439 ден.
3.влез 2 просторија со реден бр. 1 со внатрешна површина од 129.01 м28.063 ден.

04.04.2023 год.                                                                ЈПССО „РАДОВИШ 2014“

Радовиш                                                                     ВД. Директор : Лолита Арсова

Радовиш

Промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“ денеска организиран во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Денеска во Радовиш беше организиран вториот промотивен настан во рамките на проектот „Енергетски ефикасен регион“, инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2,  финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Општините, Радовиш Конче и Василево.  

Настанот беше во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а домаќин беше Општина Радовиш односно ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Присутен беше и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

На настанот свое обраќање имаа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Директорот на ЦРЈИПР, Ѓоко Камчев, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и Градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов.

За градоначалниците на општините Радовиш и Конче, овој проект е од големо значање и пример како треба да се постапува во иднина во однос на енергетската ефикасност.

Целта на овој настан е да се претстават досегашните имплементирани активности по проектот кои ќе придонесат кон создавање на енергетски ефикасен регион, првенствено во делот на производство и употреба на електричната енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.

Со овој проект е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем од страна на изведувачот ПЦ „Контрол Хардвер“ од Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш денека одржа итна седница со цел донесување на Предлог одлука за изработка и имплементација на проект „Зелена прекугранична хармонија“ за кој рокот за аплицирање е до денеска 15 септември. Итноста за свикување на оваа седница ја образложи Претседателката на Советот Моника Трајанова.

Советниците едногласно го поддржаа проектот и Предлог одлуката беше изгласана.

Проектот претставува дел од програмата на ЕУ за зелен прекуграничен регион, за озеленување на површини во урбани средини. Партнер во проектот е Општина Јакоруда од Бугарија и истиот е во вредност од околу  600.000 евра од кои за Општина Радовиш околу 300.000 евра.

Во Радовиш ќе се уредува и озеленува градскиот рид Чам Баир, со еколошки материјали, со засадување на дрвца и без бетонирање, а ќе се изгради и ботаничка градина во дворот на ООУ „Никола Карев“, појасни Лазар Газепов, советник во Одделението на ЛЕР во Радовиш.

Општина Радовиш заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Македонија и општина Јакоруда од Бугарија, ќе аплицираат за проектот и доколку биде одобрен ќе се реализира.

Прочитај повеќе

Радовиш

Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш

Avatar

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден на првата помош, со симулација на вежба, сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени.

Според Црвен крст, секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и ненавремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.

Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).

„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“ велат од Црвен крст – Радовиш.

Прочитај повеќе