Connect with us

Радовиш

Оглас за прибирање на понуди за доделување налинии за превоз на патници на територијата на општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Комисија за јавна безбедност безбедност во сообраќајот и противпожарната заштита при Совет на општина Радовиш распишува

О  Г  Л  А  С

за прибирање на понуди за доделување на линии за превоз на патници на територијата на општина Радовиш

За превоз на патници од општина Радовиш се објавува оглас за доделување на следните линии:

Број на линијатаИме на линијатаНајвисок износ во денари со вклучен ДДВво еден правец
13.Супурге – Парналија и обратно190
14.Супурге – Радовиш и обратно285

Услови :

Подносителите на понудите за учество во доделување на линиите за вршење на општински линиски превоз на патници, покрај општите услови предвидени со Законот за превоз во патниот сообраќај и согласно член 7 од Одлуката за општински линиски превоз на патници, донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година и Одлука за распишување на оглас за распределба на линии за вршење линиски превоз на патници во општина Радовиш донесена на седница на Совет одржана на 17.11.2025 година, треба да ги исполнат следните услови:

да е впишан во Централниот регистар со регистрирано седиште на територија на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;

да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за финансиски лизинг за возила со најмалку осум седишта несметајќи го и седиштето на возачот, што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз во внатрешниот патен сообраќај;

да има вработено во работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по моторно возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;

управителот или од него овластеното лице одговорно за превоз да има сертификат за професионална компетентност на лице одговорно за превоз;

да има добар углед;

Понудата на подносителот за учество во доделување на линиите задолжително треба да содржи:

  1. Назив и адреса на понудувачот;
  2. Назначување на линиите кои превозникот сака да ги одржува со предложен возен ред со задолжително вклучување на возен ред потребен за превоз на ученици и цена на возниот билет за еден правец;
  3. Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица издаден од централен регистар на Република Северна Македонија со приоритетна дејност вршење на превоз на патници во патниот сообраќај  (во оригинал, не постар од 6 месеци);
  4. Копија од Лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници и копии од извод од лиценца за секое возило одделно;
  5. Копии од сообраќајните  дозволи  регистрирани на име на правното лице со капацитет од најмалку 8+1 седиште  или договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер , заверени кај нотар;
  6. Копии од важечки потврди за исполнување на посебните  техничко експлоатациони услови  од станицата за технички преглед на моторни возила за секое возило;
  7. Копии од М1/М2 образец на вработените возачи и возачки дозволи со минимум возачко искуство од 2 години и лекарско уверение за возач (бројот на возачите, зависно од бројот на возилата со кои ќе се врши превозот);
  8. Копија од Дозволата за експлоатација на линија во општинскиот линиски превоз на патници издадена од градоначалникот на Општина Радовиш со кое досега е одржувана линијата (ако поседува);
  9. Изјава дека во рок предвиден во Одлуката за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на ученици и патници во општина Радовиш ќе почне да ги одржува линиите;
  10. Копија од Потврда (не постара од 60 дена) од надлежен суд  дека не е во сила правосилна пресуда за кривично дело против имотот, стопанството, јавните финансии, вработувања и социјална сигурност, општата сигурност на луѓето, трговија со дрога или луѓе и од областа на  безбедноста во јавниот сообраќај со казна затвор од една до десет години за правното лице и одговорното лице во правното лице (освен за новорегистрирано правно лице помалку од 6 месеци);
  11. 1 Копија од Потврда (не постара од 60 дена) од надлежен суд  дека не е  изречена прекршочна мерка на безбедност, забрана за вршење професија, дејност или должност со казна од една до десет години за време на извршување на казната (за  правното лице и одговорното лице во правното лице);

Оние превозници кои немаат лиценца за вршење општински линиски  превоз на патници освен погоре наведените кон пријавата треба да ги достават и следните документи:

Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот   на правното лице или од него овластено лице одговорно за превоз;

Список на вработени по обврзник од фондот за пензиско и инвалидско осигурување  (не постаро  од 60 дена);

Целиот оглас на следниот лимк: https://radovis.gov.mk/%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0

Радовиш

Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш

Media Press

Published

на

Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.

На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од  употребата на индустриски градежни материјали  при  реставрација и реконструкција   на спомениците на култура. 

Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан. 

Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства  меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување  и афирмација на традиционалните градителски системи. 

ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“

Media Press

Published

на

Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе  обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство. 

Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.

На трибината се очекува учество на  имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот  македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.

Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.

Традицијата и културното наследство како темел и иднина. 

Учесници 

– арх. Никола Кипровски – Белгија 

Архитектура и некои природни материјали 

– проф, др. Минас Бакалчев 

Хроника на една школа:

Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017 

– проф. др. Донка Барџиева Трајковска 

Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви 

– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка  ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.

Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.

 Наставен тим:    проф. Виолета Бакалчев,

                               доц.  Бранислава Ѓорѓевиќ

                               доц.  Нина Карангелеска.

– арх. Викторија Митева

Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет

– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович 

–  СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР  – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје 

    арх. Ивана Цимешиќ

 –  Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра. 

–   маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ  Македонија 

    Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф. 

ПРАКТИЧНА НАСТАВА 

– Васила Трајковски – зограф и конзерватор  – средновековни градителски системи 

– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија –  сводови, куполи и арки 

 – Дејан Спасович скулптор и градител  – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен 

Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев 

Прочитај повеќе

Радовиш

Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија

Media Press

Published

на

На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.

При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе