Босилово
Во недела на 9-ти април, Штрапаријада – натпревар на коњи, во село Сарај Општина Босилово
Објавено на
Од
Media PressВо недела на 9-ти април во село Сарај Општина Босилово ќе се одржи една од најмасовните манифестации, Штрапаријада, натпревар на коњи, со учество од околу 50-тина натпреварувачи од цела Македонија. Организаторот на турнирот Џоко Мирчев -Џоканов најавува целодневен спектакуларен настан со организирана Богата лотарија.

За сите присутни со влезница од 150 денари, следува бесплатен пијалок, а истовремено станува потенцијален добитник на една од вредните награди: Ловечка пушка во вредност од 40 илјади денари и друга ловечка опрема и опрема за коњи.
Штрапаријада е настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци. Во Сарај ваков натпревар се одржува по трет пат и според органзиаторите има голем интерес.

Турнирот ќе се одржи во недела со почеток од 11 часот во село Сарај, општина Босилово пред ресторанот „Golden Palace“. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава.
Коњите ќе бидат поделени во неколку категории според тежината и големината на трупот, за победниците следуваат богати награди.
Сите кои ќе земат учество на турнирот со свој коњ, потребно е да имаат документ од вага за тежината на самиот коњ.
Влезот на овој турнир ќе изнесува 150 денари, а водител ќе биде Станислав Јакица.

Поврзани содржини

Есенска Штрапаријада во село Сарај на ранч Џоканов, ќе се одржи следниот викенд

ОО на Црвен крст од Радовиш за прв пат беше домаќин на Регионален натпревар по прва помош

Есенска Штрапаријада во село Сарај, на 22 октомври во организација на Џоко Мирчев- Џоканов

Регионален натпревар по математика денеска се одржа во ООУ „Никола Карев“-Радовиш

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ги одмерува силите со Египет

ФК „Академија Пандев“ со свои предлози на состанок со ФФМ околу продолжување на натпреварите
Босилово
Општина Босилово ќе доделува бесплатни канти за отпад
Published
6 дена agoна
ноември 10, 2026By
lence
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Се известуваат граѓаните на Секирник дека денес на 10-ти Ноември (Вторник) од 09:00 до 13:00 часот ќе се делат БЕСПЛАТНИ КАНТИ за отпад во паркот во центарот на селото.
Сите физички и правни лица потребно е да понесат со себе документи за лична идентификација со цел склучување на договор за користење на кантите
Босилово
Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%
Published
6 месеци agoна
мај 13, 2026By
Media Press
Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%, реагира претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој вчера беше во посета на село Иловица, општина Босилово. Тој имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со проблеми – од неисплатени субвенции, ниски откупни цени, високи производствени трошоци, поради што трпат огромни загуби. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30% исткакна Филипче.

„Прво, не си исплатени субвенциите, дополнително тие за оваа година во програмата се намалени. Откупните цени се многу ниски на сите рано-градинарски производи. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30%.
Станува збор за тотална негрижа од оваа власт и од ова раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Практично министер кој што единствено нешто по што е познат се бројните коруптивни скандали. И човекот е навистина исто како и целата влада, треба да замине.
Трошоците за производство се зголемени за 300%. Зголемена е цената на работната рака. Зголемена е цената на водата. Зголемени се цените на ѓубривата. И на целиот тој зголемен трошок, откупните цени на сите производи се намалени за близу 30%. Ете за таква негрижа на оваа влада станува збор. Што поскоро се замине, толку подобро за сите граѓани на државата“, изјави Филипче.

Од друга страна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува со одржување на трибини по општините во земјава, во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на кои како што вели Трипуновски со земјоделците разговараат за активностите во земјоделскиот сектор, слушаат предлози, критики и иницијативи и креираат нови мерки.

Босилово
Ристо Манчев денеска официјално го прими уверението за втор мандат за градоначалник на Општина Босилово
Published
1 година agoна
октомври 30, 2025By
Media Press
Ристо Манчев денеска и официјално го прими уверението за втор мандат за градоначалник на Општина Босилово од ОИК. Манчев победи со огромна разлика од 2800 гласови во однос на својот против кандидат и стана повторно граоначалник на Општина Босилово. Тој им се заблагодари на сите граѓани за огромната поддршка и рече дека ќе биде градоначалник на за сите.

„Почитувани граѓани, најискрено Ви благодарам за вашата доверба, која што беше огромна, што за мене значи силен мотив да продолжиме уште посилно напред. Успехот е заеднички на сите нас! Се гледаме од утре на терен. Имаме многу што да работиме! Бев и ќе останам ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА СИТЕ! вели Манчев.
Уверенијата ги одбија и новите советници кои ќе бидат дел од Советот во следните четири години.




Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

