Connect with us

Босилово

Мостот кој се наоѓа во атарот на селото Секирник Општина Босилово кој е видливо оштетен не е безбеден

Avatar

Published

на

Мостот кој се наоѓа во атарот на селото Секирник Општина Босилово не е безбеден за поминување на трактори, коли и друг вид на земјоделска механизација поради оштетување. Ова денска го констатира, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој на покана на градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, го посети мостот во атарот на с. Секирник што е видливо оштетен, во лоша состојба и претставува опасност за тие што го користат.

Тој му порача на градоначалникот да го забрани мостот за поминување, а градоначалникот Манчев рече дека како општина ќе побарат помош од Владата бидејќи сами немаат финансиска моќ да изградат нов мост.

Инаку, иако патот не е асфалтиран, преку мостот е поврзана обработлива земјоделска  површина од околу 50 хектари кои ги обработува локалното население.

Босилово

Есенска Штрапаријада во село Сарај, на 22 октомври во организација на Џоко Мирчев- Џоканов

Avatar

Published

на

По втор пат годинава во село Сарај Општина Босилово ќе се одржи „Штрапаријада“ настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци.

Организаторот на турнирот  Џоко Мирчев -Џоканов најавува спектакуларен настан кој ќе се одржи на 22 октомври на ранчот Џоканов. Тој ќе учествува со своите елитни коњи

За сите присутни со влезница од 200 денари, следува бесплатен пијалок и бесплатна вечера од печен бик на ражен.

Турнирот ќе започне од 21 октомври со дочек на сите учесници, а натпреварот ќе се одржи во недела на 22 октомври со почеток од 9 часот со мерење на коњите. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава.

Коњите ќе бидат поделени во неколку категории според тежината и големината на трупот, за победниците следуваат богати награди.

Сите кои ќе земат учество на турнирот со свој коњ, потребно е да имаат документ од вага за тежината на самиот коњ.

Претходните години Штрапаријада се одржуваше пред ресторанот „Golden Palace“ во Сарај, а втор пат годинава на ранчот Џоканов кој специјално се подготвува за ваков натпревар .

Прочитај повеќе

Босилово

Општина Босилово по вторпат учествуваше на најголемата пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“

Avatar

Published

на

Општина Босилово по вторпат учествуваше на најголемата пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“.

Акцијата се спроведе на две локации –Акумулација Иловица и Манастир „Свети Климент и Наум Охридски“-Хамзали. Од страна на организаторите на акцијата се доделени благодарници на учесниците на акцијата – Општина Босилово, ЈПКД „Огражден Босилово“, ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово, ООУ „Гоце Делчев“ Босилово и ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Иловица.

Општина Босилово останува отворена за соработка и учество на акции кои ќе продонесат за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно влијание врз зачувувањето на животната средина.

Прочитај повеќе

Босилово

Обука и симулациона вежба како дел од прекуграничниот проект на Босилово и Грмен за превенција и заштита од поплави

Avatar

Published

на

            Во тек е реализацијата на  проектот  “Ефективна превенција и ублажување на последиците од поплавите во прекуграничниот регион Грмен – Босилово“кој се имплементира помеѓу општина Босилово од Македонија во партнерство со општина Грмен од Бугарија, според Договорот за доделување на субвенции во рамките на ЕУ инструментот за пред пристапна помош ИПА II програмата.

Реализацијата на проектот опфаќа изградба на бетонски одводни канали за атмосферска вода во двете општини и тоа во Општина Босилово во населените  места Босилово и Бориево и во општина Грмен во населените места Огњаново и Грмен. Изградбата на овие бетонски канали е во завршна фаза.

Една од активностите на проектот е спроведување на обука „„Заедничко спречување и управување со ризик во ситуација на поплави “ која се организира на територијата на општина Босилово

Цел: Главна тема на обуката: што да се прави во случаи на катастофа; што е потребно да се знае однапред; како да се дејствува во случаи на вистинска опасност и начин на справување со последиците, давање прва помош на повредени луѓе. Обуката за ризици од поплави има за цел да го подобри знаењето на локалното население и начинот на нивното реагирање во случај на катастрофа да се однесуваат правилно и паметно да ги искористаат сите достапни информации.

Како дел од обуката се одржа симулациона тактично показна вежба со која се покажаа и увежбуваа активностите кои треба да се реализираат во случај на поплава.

На оваа вежба како и на тридневната обука присуствуваа претсавници од двете општини партнери во проектот општина Босилово и општина Грмен, учесници од населените места во Босилово .

Вежбата се спроведе со учество на институциите во системот: Општина Босилово, ЈПКД Огражден Босилово, ДЗС Струмица, Црвен крст Струмица, ТППЕ Струмица, РЦУК Струмица и СВР Струмица

Вкупниот проект за двете општини изнесува 259 илјади евра,  само за општина Босилово се предвидени 111 илјади евра од кои околу 50 илјади евра од општинскиот буџет.

Прочитај повеќе