Радовиш
Министерката за труд и социјална политика Тренчевска оствари средба со пензионери во Радовиш
Published
7 месеци agoна
By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика и претседателка на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, заедно со претседателката на ОО СДСМ -Радовиш, Нина Иванова, дел од Советниците на СДСМ во општина Радовиш и дел од потесното раководство остварија средба со Здружението на пензионерите на Општина Радовиш.

На средбата се разговараше за досегашните законски решенија за подобрување на стандардот на пензионерите и се разговараше за се она што ја засега оваа група на граѓани.
„Мартовската пензија ќе биде повисока за 8,4% со што покажуваме вистинска грижа за стандардот на највозрасната популација. За само една календарска година нашите пензионери имаат вкупно зголемување на пензиите за 16%. А за 1,5 година вкупно историско покачување за дури 25%.
Вкупно 330 000 илјади Пензионери беа опфатени со економските мерки за заштита од економската криза и подобрување на стандардот на живот за истите“, истакна министерската Тренчевска на средбата.

Поврзани содржини
Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра
Тренчевска порача дека барањата на пензионерите ќе бидат разгледани, ќе се разговара за сите отворени прашања
Радовишките пензионери излегоа на протести, бараат линеарно покачување на пензијата
Регионална пензионерска средба на езерото Мантово во кругот на манастирот „Свети Ѓорги“, Долна Враштица
Тренчевска оствари средба со жени во Радовиш од различна етничка припадност
Со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%
Радовиш
ЈП Плаваја со известување до граѓаните на Општина Радовиш и сите продавачи и купувачи на производи кои се продаваат на зелени пазари
Published
5 часа agoна
октомври 4, 2023By
Media Press
ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација за времена дислокација на градскиот пазар поради изведување на градежни работи за изградба на нов пазар. од тие причини ги известува продавачите и граѓаните на Општина Радовиш дека од овој викенд пазарот ќе се премести на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш.
„Врз основа на Одлуката на Советот на општина Радовиш за времена дислокација на “Градски пазар” Ве известуваме дека ЈП”ПЛАВАЈА” ја подготви предвидената локација на паркингот на поранешен “Орел” Радовиш. Почнувајќи од сабота 07 октомври 2023 година зелениот пазар ќе функционира на таа локација се до завршувањето на изградбата на новиот покриен пазар. За сите прашања може да контактирате со одговорното лице Велин Ангелов лично или преку повик на бројот 071 793 756.
Радовиш
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во Калуѓерица
Published
2 дена agoна
октомври 2, 2023By
Media Press
Поставена мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30 %.
Градоначалникот Ацо Ристов заедно со претставници од партмерите вклучени во проектот, изврши увид во работните активности и како што вели овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија.

Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, “ Мрежа за рурален развој, УСАИД Проект “Програма за развој на заедницата“ и ЛАГ Плачковица.

Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
5 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата

Седум најдобри извори на КОМПЛЕТНИ ПРОТЕИНИ: Можете да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана

Листа на нај-економични Дизел Автомобили
