Радовиш
Радовиш домаќин на Завршен турнир во одбојка, кој ќе започне од утре во СРЦ „25-ти Мај“
Published
1 година agoна
By
Media PressМакедонската клупска одбојкарска сезона влегува во завршна фаза. Битката за првиот сезонски трофеј ќе се одигра во Радовиш, Завршниот турнир ќе се одржи во спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш. Осум екипи по две во машка и женска конкуренција, од четврток до сабота ќе се надигруваат за пехарот во купот за сезоната 2022-2023. Тридневната програма ќе почне со полуфиналните пресметки кај одбојкарите. Од спортската сала во Радовиш подготвени за овој голем спортски настан.
Бранителот на ланскиот пехар, тимот на Струмица Никоб, е апсолутен фаворит против Универизтет во Тетово, а ГОК Борец ќе се обиде да ја предизвика Шкендија во дуелот на трето и второпласираната екипа од шампионатот.
Петокот е резервиран за дамите, а во нивното друштво Работнички Скопје ќе сервира со надеж да го повтори манатогодишното остварување од Кавадарци. Дербито во полуфиналето е меѓу Јанта волеј и Работнички Скопје, а Наковски волеј ја носи фаворитската улога против Вардар жени.
Финалните натпревари се предвидени за в сабота, најпрво машкото во 13, а потоа и женското од 16 часот.
Полуфинале (мажи) , четврток Струмица Никоб – Универзитет во Тетово (17.30, МРТ-3)
ГОК Борец – Шкендија (20.00, МРТ-3)***
Финале (мажи), сабота, 13.00, МРТ-3
Полуфинале (жени), петок
Јанта волеј – Работнички Скопје (17.30, МРТ-3)
Вардар жени – Наковски волеј (20.00, МРТ-3)
*** Финале (жени), сабота, 16.00, МРТ-3
Во пресрет на големиот спортски настан и Јп Плаваја со акција за уредување и чистење на просторото околу спортската сала.
Поврзани содржини
Вечерва ќе се одиграт финалните натпревари од шестоноемврискиот турнир во Радовиш
Започна традиционалниот Шестоноемвриски турнир во мал фудбал во Радовиш
Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево
До денеска истекува рокот за пријавување за учество во Меморијален турнир во мал фудбал во село Ињево – Радовиш
Пријавување за Меморијален Турнир во мал фудбал Ч’крче – 2023, Пиперево, Општина Василево
По втор пат во Радовиш се одржува Турнир во табла, уметничка слика за најдобриот
Радовиш
Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна
Published
6 часа agoна
април 17, 2024By
Media PressДолгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.
Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.
Радовиш
Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш
Published
2 дена agoна
април 15, 2024By
Media PressИзложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.
Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.
Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.
Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.
Радовиш
Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш
Published
3 дена agoна
април 14, 2024By
Media PressОпштинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.
Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.
Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.