Струмица
Приведени две лица од струмичко, пронајдени и одземени три моторни возила и други предмети
Published
6 месеци agoна
By
Media Press
Вчера во 02.00 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.С.(40) и А.С.(45), двајцата од село Старо Балдовци. При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три моторни возила за кои не поседувал соодветна документација, регистарски ознаки од возило, три моторни пили и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Додека, при претрес во домот на А.С., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени два акумулатори, два апарати за швајцување, моторна пила и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршени кривични дела.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Поврзани содржини
Приведен струмичанец кој се сомничи за кражба од домот на 72-годишен старец
Лишено од слобода едно лице од Радовиш за кражба и други кривични дела
Лишен од слобода струмичанец, извршил кражба во продажен објект во Струмица
Со закана кон вработената одзел пари од аптека
Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица
Приведени две лица од Струмица, едниот извадил пиштол, а другиот физички нападнал
Струмица
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица
Published
2 недели agoна
септември 11, 2023By
Media Press
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.
За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Струмица
Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата
Published
3 недели agoна
септември 5, 2023By
Media Press
Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Струмица
Две лица повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струмица-Ново Село
Published
1 месец agoна
август 25, 2023By
Media Press
Вчера во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Што треба да содржи идеалниот појадок? Овие се идеални компоненти

Овие четири знаци на срцев удар се јавуваат 24 часа пред нападот

Што е USB-C интерфејс и кои се неговите предности?

Кој ќе ги сервисира? 97% од механичарите не знаат како да вршат основни поправки на електрично возило
